MADARA PEEL МАСКА ЗА ЛИЦЕ СО AHA КИСЕЛИНИ 60мл

ПРОЧИСТУВАЊЕ • ЕКСФОЛИЈАЦИЈА • СЈАЈНОСТ
AHA КИСЕЛИНИ • КИСЕЛИНИ ОД ДУЊА • ЦВЕТ ОД БОЗЕЛ

1,595 ден

Опис

Оваа активна AHA пилинг маска дава инстантен сјај благодарение на природната супердоза од активни киселини. Овошни киселини и витамин Ц од дуња, измешани со хидратантна млечна киселина и смирувачки цвет од бозел, овозможуваат ефикасна ексфолијација за светла, сјајна и мазна кожа.

ЕФЕКТИ:

  • Ги отстранува мртвите клетки и ја прави кожата помека и понежна на допир.
  • Ја ексфолира кожата при што ја стимулира регенерацијата на клетките.
  • Ја осветлува кожата, ја намалува видливоста на старосни дамки и линии.
  • Помага при одзатнувањето на порите и прочистува длабински.
  • Ја подобрува апсорбцијата и ефектот на останатите козметички производи.

Особено препорачлива за безживотна, уморна кожа, видливи знаци на стареење, линии, брчки, старосни дамки, блед изглед, затнати пори и акни. Не е препорачлива за осетлива, хиперсензитивна кожа.

7% состојки од органско потекло

100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife.

КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете на чиста кожа, избегнувајќи го делот околу очите. Оставете да делува 3-10 мин. Темелно исплакнете. Продолжете со нанесување на тоник и крема.

СОСТОЈКИ (INCI):AQUA, LACTIC ACID, GLYCERIN, LAVANDULA ANGUSTIFOLIA FLORAL WATER*, GALACTOARABINAN, MICROCRYSTALLINE CELLULOSE, POTASSIUM HYDROXIDE, GLUCOMANNAN, MICA (CI 77019)***, TITANIUM DIOXIDE (CI 77891)***, AROMA, CELLULOSE GUM, PYRUS CYDONIA FRUIT EXTRACT*, SAMBUCUS NIGRA FLOWER EXTRACT*, ETHYL LAUROYL ARGINATE HCI, XANTHAN GUM, LIMONENE**.

* состојки од органско земјоделство

** од природни етерични масла

*** чисти минерални пигменти

Некои состојки на производот можно е понекогаш да се променат/заменат/отстранат, како и самата формула на производот. Како најрелевантни секогаш земајте ги во предвид состојките наведени на самото пакување на производот.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.