MEDELA SWING MAXI Двојна електрична пумпа за измолзување

Новата Swing Maxi  двојна електрична пумпа за гради е компактна и лесна за употреба со
подобрена мобилност за одлично да се вклопи во вашиот животен стил.

  • Повеќе млеко за пократко време.
  • PersonalFit Flex- Инки за гради.
  • Измолзувајте се каде и да сте, дури и кога нема достапна струја
  • Лесна и без мака.
  • Технологијата на Двофазното измолзување.

17,300 ден

Опис

Повеќе млеко за пократко време.
Исто како и претходната пумпа Swing Maxi Flex, новата Swing Maxi е двојна електична пумпа која
ви овозможува да измолзете мајчино млеко од двете гради истовремено за да го направите
измолзување за двојно побрзо време. Исто така, докажано е дека измолзувањето на двете гради
истовремено дава до 18% повеќе млеко.

Технологијата на Двофазното измолзување.
За време на доењето, бебињата започнуваат со брзо цицање за да го стимулираат рефлексот на
исфрлање на млекото. Штом млекото ќе почне да тече, бебињата се менуваат во побавен,
индивидуален ритам за навистина да се нахранат. Технологијата 2-Phase Expression® на Medela го
имитира природниот ритам на цицање на бебето – прва фаза на брзо измозлување за да го
стимулира протокот на млеко, а потоа втора побавна фаза за да обезбеди оптимален проток на
млеко.

PersonalFit Flex- Инки за гради.
Инката за гради PersonalFit Flex со агол на отворање од 105 степени, мек раб и овална форма за
подобро вклопување на секоја града, врши помал притисок врз вашите млечни канали од
традиционалните инки за гради, и дава резултати на поефикасно и поудобно искуство на
измолзување. Повеќе удобност за вас, до 11,8% повеќе млеко за вашето бебе- клинички докажано. Вклучени се две големини на инки за гради: 21 mm и 24 mm.

Измолзувајте се каде и да сте, дури и кога нема достапна струја
Со најсовремениот USB C конектор, вградена батерија се полни многу побрзо во споредба со
приклучокот за микро USB, и која трае до шест сесии на измолзување кога е целосно наполнета.

Лесна и без мака.
Swing Maxi има девет однапред програмирани програми кои можете да ги изберете и
контролирате со помош на четири копчиња кои се лесни за употреба. Изградена со помалку
делови, двојната електрична пумпа за гради Swing Maxi се склопува многу лесно и чистењето и е
едноставно.

Со двојно измолзување добивате до 18% повеќе млеко за пократко време;
• Технологијата 2-Phase Expression го имитира природниот ритам на цицање на вашето бебе;
• PersonalFit Flex™ инка за гради за зголемена удобност и 11,8% повеќе млеко. Вклучени се 2
големини;

• Подобрена мобилност: вградена батерија на полнење која ќе ви овозможи и до 6 сесии на
измолзување со едно целосно полнење на батеријата;
• Брзо полнење на батеријата со USB тип C приклучокот, во споредба со приклучокот за микро-USB;
• Лесна за користење: само со 4 копчиња и 9 однапред програмирани програми;
• Лесно се склопува и чисти благодарение на само неколку делови;
• Многу потивка во споредба со претходната генерацијана пумпи на Медела, помалку од 45 dB на максималното ниво на вакуум;
• Затворен систем кој спречува влез на мајчино млеко во цевката;

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.