MEDICAL Гел за дезинфекција на раце

400 мл

150 ден

Нема на залиха

Опис

Години наназад, етил алкохолот бил користен како ефикасно антисептично средство, во рамките на здравствената заштита, за да се избегне пренесување патогени микроорганизми. Оттаму и инспирацијата за создавање Medical гел за дезинфекција на раце, каде активната компонента ќе биде етилалкохолот.

Medical гелот содржи оптимално приспособена концентрација на алкохол кој овозможува уништување на 99, 9 % (исклучок се некои спори на бактерии) од бактериите кои се среќаваат на рацете, а се најчести причинители на гастроинтестинални и на респираторни инфекции.

Medical гелот може да се користи како додаток во одржувањето хигиена на рацете (антисептик на дланка) или како алтернатива за миење на рацете, во услови кога сапунот и водата се недостапни. Medical гелот е достапен во две форми – туба 50 ml и шише со пумпа 400 ml.

Доволно е мало количество од гелот да нанесте на рацете, лесно да го размачкате и да го оставите да се исуши на воздух, дезинфекцијата започнува по 30 секунди од нанесувањето.
Medical гелот е збогатен со емолиенси и пријатен мирис на Алое вера, па може да се користи повеќепати во текот на денот, при што кожата останува нежна, мека и освежена.
Medical гелот е прикладен за користење во: болници, ординации, училишта, градинки, хотели, ресторани, канцеларии и во јавни тоалети.

За превентива од инфекции, особено е добро Medical гeлот да го имате со вас:
– По користење тоалет, особено јавни тоалети
– Пред да имате контакт со храна
– По кивање, кашлање и секнење на носот

Направени се многубројни статистики и докажано е дека луѓето кои користат гел за дезинфекција на рацете на база на алкохол, како додаток во одржувањето хигиена на рацете, 59% помалку заболуваат од гастроинестинални и од респираторни инфекции.

Заштитете се ВИЕ и ВАШЕТО семејство, користете Medical гел:
– креиран за брза дезинфекција на рацете, без вода и сапун;
– уништува 99,9% од бактериите, причинители на гастроинтестинални и респираторни инфекции;
– дејствува по 30 секунди од нанесувањето;
– специјална формулација со додаток на емолиенси и мирис на Алое вера, за нежна, мека и освежена кожа.

Дополнителни информации

Пакување (ml, l)

,

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.