Моби Дик или Китот

Автор: Херман Мелвил
Издавач: ПОЛИЦА
Жанр: Белетристика , роман , Класична литература
Година на издание: 2019

600 ден

На залиха

Опис

Оваа приказна е навидум едноставна:

Ахав, капетан на американскиот китоловен брод Пиквод, тргнува да му се одмазди на големиот бел кит, наречен Моби Дик, кој му ја одгризал ногата, но во тој манијачен лов на китот загинуваат и капетанот и целата негова посада, освен еден, Исмаил, сведокот што во прво лице ни ги раскажува собитијата. Сепак, Моби Дик не е реалистичен роман за егзотични морски авантури. Во него се испреплетуваат природонаучни факти и народни верувања, детална дескрипција на природните феномени и симболички претстави.

Се редат најизменично филозофски медитации и драмска напнатост, трагичниот набој расте покрај богати дози хумор, нарацијата ја одменуваат монолози, сценски дијалози и дидаскалии, а нив пак, подробни описи на анатомијата на китот, есеистички забелешки, библиски егзегези и поетски проблесоци. Секој елемент станува симбол: бродот Пикворд, во чија посада има претставници од различни раси и култури, е синегдоха за светот, китоловството се чита како голема метафора на човековата гносеолошка потрага, а двата видови голем кит, се претвораат во персонификации на двете класични филозофски школи – стоицизмот и платонизмот.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.