Муабети за личен развој

Име и презиме на авторите: Елена Антоновска и Огнен Јанески

Издавач: Елена Антоновска

Година на издавање: 2019

Број на страници: 160

Димензии: А5

 

300 ден

На залиха

Опис

Оваа книга е приказна инспирирана од вас, за вас. Поттикната од праксата на Елена и од искуството на Огнен, преточено во корисни, бесконечни му­абети, чиј дел е пренесен во заедничките емисии направени во периодот од ноември 2014. до ноември 2016. година. Полни две години дружење со ТВ24 и со емисијата „За животот“, преку 30-тина емисии преточени во пи­шан збор. За да остане. Ова е само вториот дел, првиот допрва, набргу, следува. Бидејќи ви е посветена вам, на сите луѓе, сакавме и на сите да им е достапна. Не само на оние кои добро се снаоѓаат со интернетот, бидејќи емисиите ги имате онлајн, туку и на оние кои се љубители на „олд скул“ хартиена варијанта.

Ни требаше прилично време да ја срочиме во текст и да ја реализираме, но веројатно сега ѝ дојде времето. Зашто, сѐ се случува во вистинското време. Можеби и ние требаше да созрееме за книжевно дело или ед­ноставно за нешто друго и ново во нашите животи. Задоволство е да го споделиме со вас ова првенче.

Бидејќи емисиите секогаш ни беа корисни, конструктивни и забавни, идејата дојде од желбата да го споделиме со вас нашето животно иску­ство, размислувањата, знаењето и хуморот, а со тоа да ве поттикнеме на размислување „за животот“ и како подобро, полесно, посреќно или по­успешно да го живеете. Содржината опфаќа животни теми кои верува­ме за секој ќе бидат интересни, обработени од практичен, филозофски, езотериски аспект на многу лесно разбирлив и флуиден начин, а сепак суштински длабоки и значајни.

Изборот на формата – транскрипти на емисии – е сосема невообичаен, но со намера. Прво, за да ја доловиме атмосферата на емисијата, а потоа да ја потенцираме нашата и сечија различност како доблест, а не како недо­статок. Различноста секогаш носела промени, напредок и ширење на све­тогледот, а тоа беше и нашиот мотив за реализација на оваа книга. Да ви ја доближиме можноста дека секој од нас може да живее според својата различност, онака како што заслужува и како што природно му припаѓа.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.