Највисока чест

Автор: Кондолиза Рајс
Издавач: ПОЛИЦА
Жанр: Политика
Број на страници: 896
Година на издание: 2018

600 ден

На залиха

Опис

Во текот на осум години, Кондолиза Рајс учествувала во највисоките политички совети и имала клучна улога во обликувањето на политиката што влијаела не само врз Америка, туку и врз светот. Во оваа книга таа пишува искрено за многу фасцинантни луѓе со кои соработувала и за значајни настани што ја тестирале нејзината решителност.
Највисока чест го носи читателот во тајните простории за преговарање, каде што судбините на Израел, Палестинската управа и Либан често виселе на конец, и дава поглед колку близу била војната во судирите меѓу Пакистан и Индија, Русија и Грузија, и во Источна Африка.
Изненадувачки искрена во нејзината процена за разни колеги од администрацијата и за стотици странски лидери со кои работела, Рајс, исто така, нуди силен увид во тоа како всушност работи историјата. Во Највисока чест, таа испорачува мајсторска лекција по државништво – но
секогаш на начин што ги открива нејзината суштинска топлина и понизност, и нејзиното длабоко почитување на идеалите врз кои се заснова Америка.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.