Neostrata SKIN ACTIVE CELLULAR RESTORATION Ноќен Крем

Здравата, негувана и убава кожа бара подеднаков третман и внимание како во текот на денот, така и во текот на ноќта.

Оттука SKIN ACTIVE CELLULAR RESTORATION е делотворен, ефикасен и потврден хранлив крем за нега на кожата во текот на ноќта, којшто делува како катализатор во процесот на регенерација, ревитализација и подмладување.

SKIN ACTIVE CELLULAR RESTORATION состојки:
– Екстракт од јаболко, магичен еликсир кој го забавува процесот на стареење на кожата;
– Пептид го поттикнува создавањето на колаген, којшто ги намалува и ублажува брчките и другите нерамнини;
– Гликолна киселина која преку блага ексфолијација, нежно го чисти површинскиот слој на кожата, подобрувајќи ги нејзината еластичноста и затегнатоста;
– Полихидроксилни киселини коишто делуваат за обновување на длабоките слоеви на кожата и одржување на постојниот колаген;
– Екстракти од грозје, калинка, боровинка и акаи-бобинка претставуваат ефикасни антиоксиданти кои овозможуваат подобрување на виталноста и свежината на кожата, истовремено помагајќи во нејзината заштита од штетните надворешни влијанија.

SynerG формула 15.0

(концентрација на NeoStrata активни состојки)

1,650 ден

Опис

Научно потврдена посветеност за негата на кожа.

NEOSTRATA претставува синоним за успешни, долгогодишни, дерматолошки, клинички истражувања на влијателни специјалисти и пронаоѓачи на револуционерни научни откритија, применети во делотворни и висококвалитетни производи за нега на кожата.

Почнувајќи од 1988 година стремежот за иновации, напредок и развој, испреплетен со квалитет, искуство и посветеност е преточен во 6 палети на производи, достапни во 86 држави низ светот: SKIN ACTIVE- за враќање на младешкиот сјај на зрелата кожа; RESURFACE- за подобрување на виталноста, структурата и чистотата на кожата; RESTORE- за забавување на процесот на стареење на чувствителната кожа; REFINE- за ефикасно подмладување на масната кожа; TARGETED- за потхранување, ревитализирање и регенерирање на сувата, оштетена и чувствителна кожа; ENLIGHTEN- за грижлива нега на пигментираната кожа.

NEOSTRATA производите во согласност со законските, но и хуманите норми не се тестираат на животни и истите не содржат состојки, чиј ефект е докажан на тој начин.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.