Neostrata SKIN ACTIVE EXFOLIATING WASH Пена за Ексфолијација

Грижата за беспрекорно убава и негувана кожа започнува со SKIN ACTIVE EXFOLIATING WASH, пената за секојдневно длабинско и темелно чистење.

Соединувајќи ги активните својства на полихидроксилните киселини и делотворните состојки од алое вера, камилица, краставица и рузмарин SKIN ACTIVE пената за ексфолијација на кожата, од една страна, нежно отстранувајќи ги мртвите површински клетки, помага за темелно чистење на порите, а од друга страна, преку навлажнување, освежување и смирување на кожата ја поттикнува обновата на нејзината структура.

SKIN ACTIVE EXFOLIATING WASH е идеална подготовка на сите типови на кожа за третман со останатите производи од палетата на SKIN ACTIVE.

SynerG формула 8.5

(концентрација на NeoStrata активни состојки)

1,250 ден

Опис

Научно потврдена посветеност за негата на кожа.

NEOSTRATA претставува синоним за успешни, долгогодишни, дерматолошки, клинички истражувања на влијателни специјалисти и пронаоѓачи на револуционерни научни откритија, применети во делотворни и висококвалитетни производи за нега на кожата.

Почнувајќи од 1988 година стремежот за иновации, напредок и развој, испреплетен со квалитет, искуство и посветеност е преточен во 6 палети на производи, достапни во 86 држави низ светот: SKIN ACTIVE- за враќање на младешкиот сјај на зрелата кожа; RESURFACE- за подобрување на виталноста, структурата и чистотата на кожата; RESTORE- за забавување на процесот на стареење на чувствителната кожа; REFINE- за ефикасно подмладување на масната кожа; TARGETED- за потхранување, ревитализирање и регенерирање на сувата, оштетена и чувствителна кожа; ENLIGHTEN- за грижлива нега на пигментираната кожа.

NEOSTRATA производите во согласност со законските, но и хуманите норми не се тестираат на животни и истите не содржат состојки, чиј ефект е докажан на тој начин.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.