Neostrata SKIN ACTIVE INTENSIVE EYE THERAPY Крем за околу очи

SKIN ACTIVE INTENSIVE EYE THERAPY претставува револуционерен, висококвалитетен, регенеративен производ којшто помага за навлажнување, потхранување, обновување и подмладување на чувствителната и нежна кожа во пределот околу очите.
Делотворноста на SKIN ACTIVE INTENSIVE EYE THERAPY кремот е резултат на внимателно избраната комбинација на:
– Екстракт од јаболко којшто помага за одржување на долговечноста на структурата на кожата, забавувајќи го притоа нејзиното стареење;
– Пептид и неоглукозамин задолжени за создавање на колаген, којшто делува за зачувување на заштитната функција и здравиот изглед на кожата;
– Кофеин ја намалува отеченоста во пределот околу очите;
– Хијалуронска киселина којашто стимулира поврзување на водата во кожата и длабинско и темелно навлажнување на истата;
– Витамин Е, активен носител на сите антиоксидантски придобивки за кожата.

SynerG формула 6.0

(концентрација на NeoStrata активни состојки)

2,280 ден

Опис

Научно потврдена посветеност за негата на кожа.

NEOSTRATA претставува синоним за успешни, долгогодишни, дерматолошки, клинички истражувања на влијателни специјалисти и пронаоѓачи на револуционерни научни откритија, применети во делотворни и висококвалитетни производи за нега на кожата.

Почнувајќи од 1988 година стремежот за иновации, напредок и развој, испреплетен со квалитет, искуство и посветеност е преточен во 6 палети на производи, достапни во 86 држави низ светот: SKIN ACTIVE- за враќање на младешкиот сјај на зрелата кожа; RESURFACE- за подобрување на виталноста, структурата и чистотата на кожата; RESTORE- за забавување на процесот на стареење на чувствителната кожа; REFINE- за ефикасно подмладување на масната кожа; TARGETED- за потхранување, ревитализирање и регенерирање на сувата, оштетена и чувствителна кожа; ENLIGHTEN- за грижлива нега на пигментираната кожа.

NEOSTRATA производите во согласност со законските, но и хуманите норми не се тестираат на животни и истите не содржат состојки, чиј ефект е докажан на тој начин.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.