SATTWA Крем за ден со матични клетки од јаболко и маслиново масло

 

55 мл

812 ден

Опис

Кремовите со матични клетки од јаболко и со маслиново масло SATTWA се наменети за нега на кожата по 40-та година.

Со овие кремови се постигнува интензивна ревитализација на возрасната кожа, преку активирање на сопствениот систем на матични клетки во кожата.

Самиот збор матични клетки означува клетки кои имаат можност самите да се реплицираат. Затоа, матичните клетки од јаболко претставуваат уникатна компонента, која ја поттикнува регенерацијата и подмладувањето на кожата, а со тоа и заштитата од предвременото стареење на матичните клетки на кожата на човекот.

Матичните клетки од јаболко се добиени од редок вид швајцарски јаболка. Овие клетки се карактеризираат со можност за брзо реплицирање и за обновување на повредените ткива. Матичните клетки од јаболко, освен што го активираат созадавањето на матичните клетки во кожата, тие го продолжуваат нивниот животен век, ги заштитуваат клетките од оксидативен стрес и ја регенерираат оштетената клеточна ДНK.

Комбинацијата на состојките, кои влегуваат во составот на овие два крема, се во согласност со најновите научни достигнувања од областа на козметиката против стареење (anti-age).

Идеалната комбинација на матичните клетки од јаболко со останатите состојки во кремот за дневна употреба придонесуваат за одржување на младиот и свеж изглед на кожата и по 40-та година.

  • Протеините од соја формираат заштитен протеински филм кој и дава на кожата влага, мекост и виталност.
  • Витаминот Е ги неутрализира слободните радикали и го спречува нивното прекумерно создавање, со што се забавува процесот на стареење.
  • УВ-филтрите штитат од штетното влијание на сончевите зраци (УВА- и УВБ-заштита).
  • Маслиновото масло дејствува омекнувачки и ја враќа еластичноста и мекоста на кожата.
  • Маслото од авокадо и омега 6 особено ја негуваат и ја штитат кожата, правејќи ја притоа нежна и мека.

Со редовна употреба на кремовите со матични клетки од јаболко и со маслиново масло SATTWA на кожата ѝ се враќа младиот изглед и свежината.

  • За подобрена ревитализација, тонус и еластичност на кожата.
  • За забавување на процесот на создавање брчки.
  • За стимулација на клеточната регенерацијa.

Производот е дерматолошки тестиран.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.