Што е архитектура? и 100 други прашања

600 ден

Опис

Автор: Размус Верн, Герт Вингорд

превод од англиски јазик

 

“Што е архитектура?” го истражува светот на архитектурата низ 100 прашањa и 100 одговори.

 

Зошто светот е најубав на самрак? Дали објектите имаат спомени? Дали историјата има иднина? Што e камен? Која е улогата на политиката во архитектурата? се само дел од прашањата што ги поставуваат авторите на оваа книга.

 

Вешто избегнувајќи монотоно симплифицирање на интелектуалната мисла, оваа книга може да поттикне љубопитност кај читателите за продлабочување на интересот околу некои навидум очигледни прашања, чии одговори никогаш не се ниту конечни, ниту едноставни.

 

Ова е искрено четиво што бара континуирано преиспитување на вредностите и навидум апсолутните вистини. Можеби, сега повеќе од било кога, во потрагата по вистинските одговори, потребно е поставување на вистинските прашања.

 

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.