SIXTH SENSE АХА/БХА КРЕМ

SIXTH SENSE AХА/БХА кремата претставува уникатна моќна формула која ги отстранува мртвите клетки на кожата, го чисти себумот внатре во порите, овозможува хидратација и помага во ревитализација на кожата без сјај.

  • АHA киселините се ефикасен ексфолијант кој забрзано ќе ги обнови епидермалните клетки. Има способност нежно да ги отстрани мртвите клетки и останатите нечистотии во кожата, но во исто време се зголемува производството на колаген и глукозаминогликани, молекули кои формираат компоненти на сврзното ткиво.
  • 2% BHA салицилната киселина ги отстранува нечистотиите и себумот насобран во порите на кожата. Има спoсособност да навлезе во најпроблематичните пори на кожата за длабоко чистење, ги намалува порите, го отстранува вишокот на себум и ја намалува појавата на акни и митесери.

670 ден

Опис

SIXTH SENSE AХА/БХА кремата претставува уникатна моќна формула која ги отстранува мртвите клетки на кожата, го чисти себумот внатре во порите, овозможува хидратација и помага во ревитализација на кожата без сјај.
АHA/BHA кремата содржи алфа хидрокси киселини (AHА) активни состојки како што се екстракт од јаболко, екстракт од лимон, црна боровница, шеќерна трска, екстракт од листови од грозје кои го ексфолираат кератинизираниот слој на епидермисот. АHA киселините се ефикасен ексфолијант кој забрзано ќе ги обнови епидермалните клетки. Има способност нежно да ги отстрани мртвите клетки и останатите нечистотии во кожата, но во исто време се зголемува производството на колаген и глукозаминогликани, молекули кои формираат компоненти на сврзното ткиво.

2% BHA Оваа моќна формула содржи активни состојки како што се азиска центела, алое вера екстракт, зелен чај, камилица, пантенол, витамин Е и алантоин кои овозможуваат хидратација, ја смируваат и омекнуваат кожата.
Уникатната комбинација на природни суровини делува на нерамномерен тен, фини линии и неправилна текстура на кожата и создава чиста кожа со изедначен тен.
Кремот е погоден е за сите типови на кожа и проблематична склона на воспалувања, акни, комедони и зголемено лачење на себум. Комбинирајте ја АHA/BHA кремата со Beauty Booster хијалуронскиот серум на Sixth Sense како дел од вашата дневна рутина за да ја негувате и заштитите кожата од пресушување.

Внимание: Не го комбинирајте АHA/BHA кремот со други киселини. Не ја користете на иритирана или повредена кожа.

 

Кремот не содржи парабени, бои, сулфати, фталати, силикони, парфеми, парафини, глутени .
ФОРМУЛИРАНО И РАЗВИЕНО ВО МАКЕДОНИЈА.
Начин на употреба:
Употреба: Нанесете соодветна количина од кремот на лицето, нежно тапкајте или размачкајте се додека не
се апсорбира целосно. Користете го кремот наутро и навечер како последен чекор од вашата рутина.
Не ја користете кремата доколку се појави воспалување или иритација на кожата.

 

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.