SIXTH SENSE Хијалуронски серум

Хијалуронскиот серум BEAUTY BOOSTER претставува моќна формула која гарантира длабинска хидратација и лифтинг ефект со измазнување на фините линии и брчките.

Овој лесен и негувачки серум ја зголемува влажноста на кожата и воедно претставува активен третман за зголемување на тонусот и цврстината на кожата.  Кожата ќе се чувствува мека, еластична, освежена и хидрирана.

 

Серумот Beauty Booster содржи активни состојки како што се хијалуронска киселина, ретинол, витамин Б5, витамин Е, алое вера, зелен чај, уреа и алантоин кои ја обновуваат заштитната бариера на кожата и поттикнуваат нејзина регенерација.

Интензивно хидрира, превенира стареење и го изедначува тонот на лицето. Лесната и освежувачка текстура ја обезбедува хидратацијата која и е потребна на кожата за прекрасен и здрав изглед.

Погоден е за сите типови на кожа, овозможува лесна апсорбција и служи како booster против знаците на стареење.

  • Серумот не содржи парабени, бои, сулфати, фталати, силикони, парфеми, парафини, глутени .

Количина: 30 мл

Рок на употреба:18 месеци од датата на производство втисната на амбалажата

500 ден

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.