Опис
Моќниот и обновувачки серум е богат со есенцијални минерали, масни киселини, витамини и антиоксиданти. Ја смирува кожата и помага да се зголеми нејзината цврстина. Обезбедува долготрајна хидратација, регенерација и спречува појава на брчки. Еликсирот ја потхранува и освежува кожата, правејќи ја сјајна, свиленкаста и хидрирана.
Oрганскиот еликсир на младоста е изработен од внимателно избрани ладно цедени масла и витамини како што се:
Масло од марула
Маслото од марула претставува одличен антиоксиданс, содржи 4 пати повеќе Витамин Ц од портокалот, богато е со есенцијални минерали, масни киселини и антиоксиданти. Обезбедува долготрајна хидратација и подмалдува.
Масло од шипка
Маслото од шипка е многу богато со антиоксиданти, како што се ретинол и витамин Ц.
Продира длабоко во кожата, интензивно хидрира, ја ревитализира, регенерира и подмладува. Ги отстранува брчките и го стимулира формирањето на колаген, спречува формирање на лузни, стрии или акни, ја ублажува хиперпигментацијата и другите промени и оштетувања на кожата, предизвикани од прекумерна изложеност на сончева светлина.
Масло од калинка
Маслото од калинка поседува природни естрогени својства кои помагаат да се ревитализира и обнови кожата, влијаејќи на фините брчки. Игра позитивна улога во обновата на кожа оштетена од изложеност на сонце и стареење.Богато е со минерали и витамини, посебно со гама токоферол.
Масло од макадамија
Маслото од макадамија е еден од од најмоќните антиоксиданси и помага во спречувањето на штетното влијание на слободните радикали кои се причина за предвременото стареење на кожата. Ова лесно и немасно масло содржи протеини, моно-незаситени масни киселини, минерали и витамини Ц и Е и е познато по своите моќни антиоксидантни карактеристики.
Maсло од јојоба
Има супер хидрирачки ефект и е полно со хранливи материи како витамин Е Б, како и антиоксиданти и минерали како хром, бакар и цинк.
Масло од семки од грозје
Ја навлажнува кожата, ја штити од прекумерна дехидрација и превенира од појава на фини линии.
Масло од авокадо
Редовната апликација на ова масло на кожата на лицето ја намалува појавата на брчки.
Витамин Е , Витамин Б5
Рецензии
Сѐ уште нема препораки за овој производ.