Опис
АХА – МЛЕЧНА КИСЕЛИНА (15%): Млечната киселина е дел од групата алфа хидрокси киселини (АХА). Таа ексфолира без механичко триење на начин што ги раствора структурите на мртвите клетки од кожата без да предизвика сензитивност. Таа е повеќе-наменска – ги зголемува церамидите во заштитната бариера на кожата; го зголемува задржувањето на водата; спречува запушување; ја подобрува пигментацијата.
БХА – САЛИЦИЛНА КИСЕЛИНА (0,5%): Делува со разлабавување и одделување на десмозомите (приврзани помеѓу клетките во горниот дел од кожата). Ова дејство поттикнува ексфолијација на кожата и отпушување на порите.
ЕКСТРАКТ ОД ПАПАЈА:Богат со папаин кој делува на површината на кожата за да ги раствори и отстрани мртвите клетки. Ова супер-овошје содржи и високи нивоа на антиоксиданти и нутриенти како витамин Б, Ц и каротеноиди – сите давајќи се себе за здрава, убава кожа.
ЕКСТРАКТ ОД БРУСНИЦА:Брусницата има висока содржина на Ц витамин и овошни ензими кои помагаат нежно и природно да се отстранат мртвите клетки, истовремено инфузирајќи антиоксиданти за затегнување и осветлување.
ЕКСТРАКТ ОД ЈАБОЛКО: Јаболкото е полно со природни овошни ензими кои помагаат нежно да ја ексфолирате вашата кожа и да ги раздвоите протеините кои ги држат клетките заедно.
АЛАНТОИН: Алантоинот е добро познат по своите смирувачки и заздравувачки својства. Исто така помага да се отстрани надворешниот слој на епидермисот и поттикнува создавање на здраво ткиво.
КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете на чист и сува кожа на лицето, избегнувајќи го околуочниот предел и усните. Оставете да делува 10-15 минути, во зависност од сензитивноста на кожата. Отстранете со топла вода или крпа. Користете еднаш неделно. Нежно пецкање може да се почувствува при употреба. Преку ден, секогаш носете крема со широко-спектарен заштитен фактор – 30СПФ или повеќе.
Рецензии
Сѐ уште нема препораки за овој производ.