SkinDivision NIACINAMIDE BOOSTER СЕРУМ СО 10% НИАЦИНАМИД

Овој бустер со 10% ниацинамид (Б3) е полн со природни смирувачки својства кои активно делуваат на изедначување на тонот на кожата со тоа што за цел ги имаат исфрлањата и несовршеностите, црвените траги и иритираната кожа. Формулата богата со хумектанти, збогатена со ниско-молекуларна хиалуронска киселина, пантенол и алантоин, обезбедува смирувачка хидратација без лепливо чувство. Антиоксидантите и состојките кои ја надополнуваат кожата го прават овој производ must-have решение за сите типови на кожа. Одличен за употреба на лицето и нежната околуочна регија, можете да го користите самостојно или пак да го помешате со најмногу 2 додатни SkinDivision бустери за да обезбедите оптимални резултати и да создадете моќен повеќенаменски производ.

2,090 ден

Опис

НИАЦИНАМИД:Биолошки активна форма на витамин Б3 која има голем број придобивки кога станува збор за производи за нега на кожа. Помага да се елиминира создавањето на темни дамки и нееднаков тон на кожата, намалува фини линии и брчки како и црвенила, иритации и сувост.
ХИАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА: Ниско-молекуларната хиалуронска киселина пенетрира длабоко во слоевите на кожата и обезбедува долготрајна хидратација, зголемувајќи го волуменот на клетките за да го олесни затегнувачкиот и lifting ефектот.
АЛАНТОИН: Овој лек се користи за хидратација или третирање и спречување сува, груба, лушпеста кожа која се справува со чешање (на пр. осип од пелени, изгореници на кожата од терапија со радијација).
ПРОВИТАМИН Б5: Пантенолот е есенцијална состојка за убава кожа. Има природни навлажнувачки, смирувачки, заздравувачки и регенерирачки својства.

КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете 3-4 капки директно на чисто лице. Нежно тапкајте на кожата со врвовите од прстите до целосно апсорбирање, или помешајте со вашиот серум или крема за хидратација. Овие серуми се потентни – можете да користите повеќе од еден бустер на ден, но секој од нив само еднаш дневно. Може да се нанесе на околуочната регија, избегнувајќи го самото око. Погодно и за дневна и за вечерна употреба.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.