Скопје 091 Боенка за возрасни

  • Автор: Васил Шемкоски
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • Година на издавање: 2018
  • Број на страни: 100
  • Димензии: 20/20
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски

250 ден

Опис

Скопје ја доби својата прва боенка. За возрасни.

Со доза сатира, па и гротеска, ова е боенка што вртоглаво ќе ви го смени „градогледот“ ‒ од нејзините страници ѕурат лицата на некои од најпрепознатливите зданија и симболи на нашето старо-ново Скопје.

Но има тука и доза носталгија. За градот убав. За неотсонуваниот сон на Кензо Танге, таткото на постземјотресно Скопје. За заборавениот Пикасо во МСУ. За Чаршијата и Камениот мост. За Старата железничка, за ГТЦ. И апел за чист воздух. За она што Скопје некогаш беше, она што е, она што можеше да биде.

Ова е еден урбан омаж за Скопје, во еден неочекуван медиум, што на секоја нова страница изненадува со својата визија и порака. Извадете ги боичките и дајте му свои бои на Скопје 091 на Васил Шемкоски.Боенка за возрасни

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.