Славика Либрис Мапата на Ана

Наслов: Мапата на Ана

Автор:  Марек Шинделка

Издавач: Славика либрис

Преведувач: Јасминка Делова-Силјанова

Јазик: македонски

Година на издавање: 2019

Број на страни: 130

Димензии: 13х20.5 см

Корица: мека

Категорија/Жанр: Раскази

250 ден

Опис

Опис:
Збирката раскази Мапата на Ана содржи десет текстови што заемно се преплетуваат. Нивните јунаци се појавуваат и исчезнуваат, ги гледаме од различни перспективи, со очите на другите ликови. Објект на вниманието на авторот се врските: опасни, уништени, изгорени, застојани. Темата на расказите се љубовни, љубовнички, семејни, но поинтимни и по директни. Во моќните текстови можеме да видиме врски што некогаш биле убави, но веќе не се, нешто во нив се скршило или пак, уште на почетокот не биле успешни, но актерите за тоа немале претстава. Последната ноќ, последното дејство. Опасни врски во директен пренос.

Извадок:

Не срами се, Ана, во тебе е целиот свет, целата вселена, во секој милиметар на твојата кожа е бесконечноста – ја бакнав на бесконечно – Ана, љубов моја, раскажувај ми за себе, ќе напишам книга за тебе (Ана од смеење се фаќа за масата, се наведнува и рони солзи), ветувам, ти нема да ми веруваш, но јас сум писател, приказните ми се одвратни, толку многу ги има и скоро сите се исти, но не и твојата, твојата приказна, всушност, не е, не постои, твојата приказна е дека копнееш по некоја приказна, по романтика, страст, копнееш да се ослободиш од синџирите, само што, проблемот е во тоа што нема никакви синџири, романтиката е стара и смешна, сите приказни се искористени, истрошени од машината, а ти не сакаш да купуваш во тој хаос што мириса на нафталин, каде што стереотипот се прогонува како сифилис.

За авторот:

Марек Шинделка (1984) е чешки писател. Негово прво дело е Стрихнин и други песни (2005) за кое ја добил наградата Јиржи Ортен во 2006 година. Автор е на романот Грешка (2008) кој заедно со група автори го објавил и како стрип во 2011 г. Голем одглас од читателите добил за збирката раскази Мапата на Ана (2014). Марек Шинделка е двократен добитник на наградата Магнезија Литера за проза. Во 2012 година ја добил за збирката раскази Останете со нас (2012) и во 2017 година за книгата Замор на материјалот (2016). Завршил културологија на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет, сценаристика и драматургија на ФАМУ. Живее во Прага.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.