Славика Либрис Останете со нас

Наслов: Останете со нас

Автор:  Марек Шинделка

Издавач: Славика либрис

Преведувач: Даниела Роус-Мишевска, Донка Роус

Јазик: македонски

Година на издавање: 2019

Број на страни: 156

Димензии: 13х20.5 см

Корица: мека

Категорија/Жанр: Раскази

250 ден

Опис

Опис:

Збирката од осум раскази Останете со нас  на познатиот чешки писател, добитник на наградата Јиржи Ортен, Марек Шинделка, има карактер и вредност на одредена средба. Средба со некомпромисен текст што успева да фасцинира и да одврати. Авторот своите ликови ги става во незавидни, апсурдни и трагикомични ситуации кои не само што самите не ги избрале, туку тие дури не ни размислуваат за можноста да бираат. Од расказот од насловот кој звучи исто како омилениот слоган на тв вестите, доаѓа до израз осаменоста во врската кога партнерите веќе немаат што да си кажат, но устата никако да почне да зборува. Одлучно напишани текстови за љубовта, сексот, разочарувањето, беспомошноста.Книгата Останете со нас е добитник на книжевната награда Магнезија литера за проза во 2012 година .

Извадок:

Андреа е типична млада жена меѓу дваесет и пет и триесет и пет, згодна, интелигентна, составена од остатоци од своите претходни врски. Како во торба во себе ги влече оштетените, фалични и секако испревртени навики и страсти на своите бивши љубовници, партнери, пријатели, сопрузи и слично, кои се распаѓаат во прашина и заборав во некои други, во некои нови врски. Ја интересира уметноста, некогаш нешто цртала, живеела со сликар. Ја интересира дизајн, некогаш дизајнирала филџанчиња, или лажички, или бардачиња, или можеби чинивчиња, зашто живеела со дизајнер. Ја интересира литературата, некогаш пишувала поезија, зашто живеела со правник што го изневерувала со поет. И со него малку живеела, само што се покажало дека поетот е неспособен инфантилен глупак, па почнала да се интересира за будизам, источни наука, осветување, патување низ времето и просторот и слично, само што и тоа на крајот не успеало. Потоа, некое време не знаела што да прави со себе, при што се запознала со некојси режисер, или камерман бил, а многу лесно можел да биде и фудбалер, всушност сеедно е, повторно почнала да јаде месо, ѝ пораснала коса, заврши правен факултет, ме сретна мене. И еве веќе речиси четири години како сме заедно.

А јас? Немам многу што… Типичен млад маж меѓу триесет и … Имам триесет и четири години. Згоден, интелигентен, прегорен егоманијак…

За авторот:

Марек Шинделка (1984) е чешки писател. Негово прво дело е Стрихнин и други песни (2005) за кое ја добил наградата Јиржи Ортен во 2006 година. Автор е на романот Грешка (2008) кој заедно со група автори го објавил и како стрип во 2011 г. Голем одглас од читателите добил за збирката раскази Мапата на Ана (2014). Марек Шинделка е двократен добитник на наградата Магнезија Литера за проза. Во 2012 година ја добил за збирката раскази Останете со нас (2012) и во 2017 година за книгата Замор на материјалот (2016). Завршил културологија на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет, сценаристика и драматургија на ФАМУ. Живее во Прага.

 

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.