sVcareblends LAVANDER VANILLA HAND BALM Крема за раце

60 гр

750 ден

На залиха

Опис

Балсам за нега на раце лаванда/ванила
100% природен, органски и вегански балсам за нега на рацете кој не содржи хемиски додатоци, парабен и вештачки бои, без палмино масло што го прави пријател на природата.
Овој балсам за раце во себе содржи големо количество на ши путер, какао путер и кокосово масло за кое знаеме дека се едни од најмоќните навлажнувачи со најмногу хранливи состојки за кожата, надополнет со пчелин восок, бадемово, арганово, јојоба, маслиново, сусамово, сончогледово, невеново масло кои содржат голем број на витамини, ја хранат и смируваат иритираната кожа. Витаминот Е кој го содржи овој балсам има неверојатно дејство на здравјето на кожата. Помага да се заштити од UV зраците, загадувањето и сите појави кои што произведуваат слободни радикали, одговорни за уништувањето на ткивата. Поради тоа својство, тој е главна состојка во многу козметички продукти против стареење на кожата. Прави кожата да изгледа помлада и помазна. Некои истражувања посочуваат дека витаминот Е го забрзува процесот на заздравување на изгореници.
Овој балсам има неверојатна комбинација на лаванда чиј мирис ве носи во благородна и смирувачка зен состојба и ванила чиј мирис делува смирувачки на емоциите, го поттикнува умот на креација и има афродизијачки својства.
Unisex производ, наменет како за жени така и за мажи, но исто така може да го користат и деца.
Освен за рацете балсамот можете да го употребувате за суви усни, пети, заноктици, „слонова кожа“ на лактите поточно на сите места на вашето тело каде што сметате дека е потребна хидратација на кожата, но исто така може да се користи и како балсам за тело по туширање.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.