ТЕМПЛУМ Чудесни апарати

Автор: Гвидо Тартаља Илустрации: Владимир Лукаш

Поезија за деца, илустрации

300 ден

Опис

Гвидо Тартаља (Загреб, 25.01.1899 – Белград, 29.12.1984) е еден од најинтересните и најпопуларните детски писатели во Југославија во 20 век. По својот модерен израз не само што се разликувал од повеќето свои современици, туку со целокупниот опус и ден денес, триесет години по смртта, претставува фасцинантен образец како треба да изгледа врвната книжевност за деца (иако, кога книжевноста е врвна таа автоматски ги надраснува жанровските и генерациските рамки; за тоа, се надеваме, сведочат и овде застапените песни).

 

Еве што вели еден критичар за Тартаља: „Поет на калеидоскопски варирани мотиви и разновидни доживеалици на детската душа, мајстор на модерната слика и стих, ја започнува писателската работа во момент кога уметничкиот збор не бил ослободен од стегите и од пренагласената педагошка потпирка. Тартаља се појавува непосредно пред конституирањето на поетиката врз нови структурни основи во време на класичното пеење, кога чувството за игра, како важен дел од детското мислење, сеуште не било доволно разбудено. Уште полошо, тогаш сметале дека смеата и авантурите на фантазијата му штетат на младото суштество и го „реметат“ неговиот „природен“ пат кон зрелоста. Панорамата на стиховите на Тартаља ја прават мотиви, со мали исклучоци, со игрива содржина, духовитите и необичните ситуации и секојдневните соновидни слики кои ја стимулираат имагинацијата и го скокоткаат духот.“

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.