ТЕМПЛУМ Текстилна поема

Автор: Ѓорѓе Јовановиќ, Пандалф Вулкански

Едиција: во 5 кај вртелешките!

250 ден

Опис

Поема за маркизата Помпадур, Казанова и дворскиот педераст.

Поезија за деца.
Илустрации: Ѓорѓе Јовановиќ

Фрагмент од книгата:

„Маркизата де Помпадур, симболот за гламур,
еднаш, во Севр, посетила за текстил панаѓур.
И таму се случил своевиден каламбур.

Со рококо фризура, на штикли, Помпадур
во таа пригода носела бунда од самур
или кенгур. Под бундата имала велур.

(Некои верзии велат дека опфатена од сплин
и меланхолија носела бунда од хермелин,
а под бундата имала крепдешин или муслин.)

Нејзиниот љубовник, Казанова, познат

ќелепур,
истовремено бил и моден советник и трубадур.
Ѝ рекол: „Шуќур, конечно текстилен панаѓур!

На исландскиот штанд продаваат шетланд.
А по рафтовите се наоѓа и тафт.“
Помпадур прашала: „Зифт тафт?1

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.