THETIS Ладно цедено маслиново масло 5л

 

Ладно цедено маслиново масло добиено од сортата КОРОНЕИКИ која се разликува од
многу други сорти поради нејзините високи нивоа на антиоксиданти и високото ниво на
мононезаситени масти од вкупната количина масти што го прави ова масло поздраво.
Произведено од здрави маслинки (70% зрели, 30% зелени маслинки), рачно берени без
употреба на механизација.

2,700 ден

Опис

Хемиска анализа (извонреден квалитет)
Резултати од хемиска анализа на ладно цеденото масло ТЕТИС која ја изврши
лабораторијата – BIOANALYSIS Poulakis Petro (Волос, Грција), кои покажуваат извонреден
квалитет според европската регулатива за ладно цедено маслиново масло.

Произведено во еколошки чист регион
Маслото Тетис е произведено од маслинки од еколошки чистиот регион на планината
Пелион во Република Грција. Овој регион се одликува со природна убавина, еколошка
чистина која придонесува за долговечноста на населението и долгогодишна традиција во
одгледување на маслинки. Сево ова придонесува за поголем квалитет на маслинките.
– Произведено и складирано во оптимални услови
Производствен погон лоциран во Лири (подножјето на планината Пелион), Грција, кој е
сертифициран со ISO 22000:2005 (вклучувајќи HACCP) и ISO 17021 стандардите за
производство и пакување.
Маслото при процесот на производство, испорака и складирање се чува на оптимална
температура и со тоа го задржува високиот квалитет.
– Високо квалитетна стаклена амбалажа
Идеална стаклена амбалажа која го задржува квалитетот на произведеното ладно цедено
маслиново масло.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.