ТИКВЕШ BAROVO БЕЛО ВИНО

Уникатниот спој на медитеранската и континенталната клима, вулканската почва и надморската височина од 700 метри каде што се простираат лозјата на Барово, претставуваат вистински катализатори за создавање на ова префинето вино. Лимон-жолтата боја со среден интензитет е карактеристична за овој комплексен совињон блан со нагласени ароми на зелено јаболко, лимета, лозарска праска, маракуја и лесни тревести ноти, зачинети со ванила и путерести ароми. На вкус може да се забележи кајсија, зачински бел пипер, тост и ванила, како и суптилна минерална соленост. Виното е добро избалансирано со лесно маслена текстура, како и долг и освежителен финиш.

Температура на сервирање

8°C и 10°C

0,75л

2018 година

1,949 ден

Опис

„Tikveš Châteaux & Domaines“ обединува мали винарии што се наоѓаат на специфични и уникатни микролокации во Северна Македонија и Франција. Овие лозја го даваат апсолутно најдоброто грозје, што им овозможува на производителите на вино да го покажат своето мајсторство во создавањето на виното. Мноштвото награди што постојано ги красат овие префинети вина се доказ за вештината и за љубовта што се вложуваат во нив.

Комбинација со храна

 лосос

 сабјарка

 туна

 

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.