ТИКВЕШ DOMAINE CHARDONNAY БЕЛО ВИНО

Суво бело вино со светложолта боја, проткаено со зеленикави нијанси. Се одликува со интензивни ароми на липа, бадеми, печени лешници и диња, а на вкус е хармонично со полно тело, со ноти на путер и тост и има интензивна и долга завршница.

Температура на сервирање

12°C и 13°C

0,75л

Берба 2016 и 2019

1,680 ден

Опис

Комбинација со храна

 јастог

 бранцин во кремаст сос

 мисирка со тартуфи

 пастрмка со бадеми

 зрел овчи кашкавал

Damaine Lepovo

Од четирите различни винарии што му припаѓаат на „Tikveš Châteaux & Domaines“, овој локалитет ги има најограничените количества вино (не повеќе од 30.000 литри годишно). Близината на реката Вардар и нежниот ветер по неговото течение, заедно со повисоките дневни температури, придонесуваат за високата концентрација на шеќер што придонесува за полно тело на овие вина и нивна подложност за зреење во шише.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.