NOVEXPERT TRIO ZINC НОЌЕН ПИЛИНГ ЛОСИОН СО AHA КИСЕЛИНИ

115мл

ПРОЧИСТУВАЊЕ • СМИРУВАЊЕ
ТРИ ВИДА НА ЦИНК • ПХА КИСЕЛИНИ • АХА КИСЕЛИНИ

1,530 ден

Нема на залиха

Опис

Како најдобро да ги избегнете упорните исфрлања и брчки во развој? Една формула е апсолутен must-have: нашиот Ноќен пилинг лосион, уникатен концентрат од ексфолирачки и активни состојки за против стареење.

–        Единствен бренд во светот, чии производи се истовремено 100% природни, дерматолошки и хипоалергенски

–        Производи формулирани од доктори

–        Погодни и комплетно безбедни за бремени жени и доилки

–        Произведени во Франција

–        Вегански производи

ПРИКАЗНАТА ЗА PEELING NIGHT LOTION

Назад во иднината… тоа може да биде соодветен опис на нешто што ни се случува на сите нас: со годините, обновувањето на нашите клетки значително се намалува. Колку е побавен обновувачкиот процес на епидермалните клетки, толку повеќе тие стагнираат во кожата и поголем е ризикот од создавање на наталожувања во порите, кои водат до кожни несовршености.

Решението? Ние користиме стар рецепт кој функционира: широко познатите овошни киселини (АНА). Овие ексфолирачки состојки способни да ја убрзаат обновата на клетките, се добри во измазнување на кожата и илуминирање на нејзиниот тен. Да, не е лесно да се искористат бенефитите на овошните киселини, без поттикнување на иритација. Но, може да се успее со новата генерација на ултра-нежни ексфолирачки активни состојки нарекувани РНА, или глуконолактон, кои се содржани во нашиот Ноќен пилинг лосион.

Бројка – 8

Овој процент на ексфолирачки активни состојки во Ноќен пилинг лосион значи: висока концентрација и максимална ефективност, овозможена од нова генерација на ултра-нежни овошни киселини.

РЕЗУЛТАТИ:

НАМАЛЕНИ ИСФРЛУВАЊА*

Црвените исфрлувања се намалени за -51.50%, по 54 дена употреба.

НАМАЛЕН СЈАЈ*

Сјајот на кожата е намален за -22.50%, по 54 дена употреба (матифицирачки ефект).

НАМАЛЕНИ КОЖНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ*

Кожните нерегуларности се намалени за -22.60%, по 54 дена употреба (измазнувачки ефект).

*Тест спроведен од независна лабораторија – 21 волонтер. Резултати по 56 дена употреба, во комбинација со TRIO-ZINC Пенлив гел (два пати дневно), TRIO-ZINC Флуид (еднаш, или двна пати дневно), TRIO-ZINC Ноќен пилинг лосион (еднаш на три ноќи) и TRIO-ZINС Серум (три пати на ден, кога е потребно).

КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете на вата, 10 минути по чистење на лицето. Избегнете контакт со очите и околуочната регија. Не го користете лосионот, доколку сте биле изложени на сонце.

Фреквенција на употреба: само навечер. Не го користете повеќе од еднаш на две ноќи, 2 до 3 месеци.

ШТО ДРУГО?

Совет за бричење! Овој лосион може да се користи како нега за после бричење (на нозе за жени и на лице за мажи) за да се спречат несовршености. Осигурајте се дека го нанесувате 10 минути по бричењето, овозможувајќи и на кожата доволно време за кожата делумно да го врати сопствениот заштитен слој.

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA (WATER)°, GLUCONOLACTONE°, SODIUM CITRATE°, GLYCERIN°, BUTYLENE GLYCOL°, LACTOBACILLUS FERMENT°, PARFUM (FRAGRANCE)°, CITRIC ACID°, CAPRYLYL/CAPRYL GLUCOSIDE°, SODIUM HYALURONATE°, ZINC GLUCONATE°, ZINC PCA°, ZINC LACTATE°, SCHIZANDRA SPHENANTHERA FRUIT EXTRACT°, SODIUM DILAURAMIDOGLUTAMIDE LYSINE°, MALTODEXTRIN°, POLYGLYCERYL-10 ISOSTEARATE°, PANCRATIUM MARITIMUM EXTRACT°

°100% состојки од природно потекло сертифицирано од независна организација за сертифицирање.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.