Сѐ што треба да знаеме за сезонското опаѓање на коса

Додека животните стануваат се порунтави (и слатки) во зимскиот период, ние луѓето во есенскиот период се соочуваме со зголемено опаѓање на косата (не плашете се, не сте сами). За среќа, иако овој проблем за повеќето е само моментален, сепак опаѓањето на косата може да биде и тоа како фрустрирачко.

Сезонското опаѓање на косата најчесто се појавува како последица од летото. Преамбициозното изложување на сонце, солена вода и хлор, ја прават косата да биде сува, дехдрирана и испукана, што доведува до опаѓање.

Тоа што го јадеме може да го подобри (или да го влоши) нашето општо здравје и многу влијае на состојбата на кожата и косата. Ако се храниме здраво и внесуваме здрави масти во дневното мени како авокадо, бадеми, кокосово масло* и чиа, ѝ помагаме на косата да биде поздрава. Биотинот или витаминот B7 исто така е важна состојка за нашиот организам бидејќи го стимулира количеството на кератин во организмот, основниот протеин кој ја сочинува структурата на косата. Овој витамин го внесуваме исто така преку исхраната, но луѓето кои се соочуваат со овој проблем најчесто се решаваат и да го зголемат внесот на биотин преку разни суплементи.

*Кокосовото масло освен што го јадеме или готвиме со него, може да го нанесеме и дирекно на коса.

Производите против опаѓање на коса можеби нема да го спречат процесот, но ќе придонесат за растење на нова коса. Користете регенератор за коса во големи количини, нанесете додека сте под туш и оставете го добро да впие во косата за да ја хидрира. После регенераторот задолжително употребете и маска. Нешто што исто може да го потикне растењето на нова коса е редовното шишање на оштетената коса (иако шишањето е последно нешто на кое што ни текнува кога косата паѓа).

Голема штета и нанесуваме на косата и кога ја стилизираме. Сите тие фризури кои сакаме да ги испробаме, бараат употреба на загреани пегли и разни обликувачи на коса, фарбање со различни фарби и хидрогени кои на веќе дехидрираната исушена коса ѝ прават уште поголема штета.

Секако мора да имаме на ум дека опаѓањето на косата е различно за секого и може да биде предизикано од повеќе други причини како бременост, хормони, ригорозни диети, па за да ги исклучиме сите овие можности најдобро би било да направиме една кратка консултација со дерматолог пред да ги примениме сите можни совети кои сме ги чуле од другарките или сме ги прочитале некаде.

Ова е нашата листа на производи кои би можеле да ти помогнат во нормализирањето на овој проблем:

1. BIOBLAS BOTANIC OILS WITH ORGANIC OIL ШАМПОН ЗА КОСА ПРОТИВ ОПАЃАЊЕ


КУПИ СЕГА
 
 
2. BIОBLAS BOTANIC OILS WITH ORGANIC OIL ШАМПОН ЗА КОСА ПРОТИВ ОПАЃАЊЕ


КУПИ СЕГА
 
 
3. DR. KONOPKA’S ANTI-HAIR-LOSS ШАМПОН ПРОТИВ ОПАЃАЊЕ ЗА СИТЕ ТИПОВИ НА КОСА


КУПИ СЕГА
 
 
4. DR. KONOPKA’S ANTI-HAIR-LOSS РЕГЕНЕРАТОР ПРОТИВ ОПАЃАЊЕ ЗА СИТЕ ТИПОВИ НА КОСА


КУПИ СЕГА
 
 
5. DR. KONOPKA’S ANTI-HAIR-LOSS СЕРУМ ПРОТИВ ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА ЗА СИТЕ ТИПОВИ


КУПИ СЕГА
 
 
6. URTEKRAM BROWN SUGAR ШАМПОН ЗА СУВ СКАЛП ОД КАФЕАВ ШЕЌЕР


КУПИ СЕГА
 
 
7. BIOBLAS ARGAN OIL CONDITIONER РЕГЕНЕРАТОР ОД АРГАНОВО МАСЛО


КУПИ СЕГА
 
 
8. BIOBLAS BOTANIC OILS GARLIC SHAMPOO ШАМПОН ОД ЛУК


КУПИ СЕГА