Што да му купиш на бебето на другар/ка ти?

Се радуваш за пријателите кои стануваат нови родители, ама се наоѓаш себеси затрупан/а во идеи, категории, честитки за подарок по повод за кој можеби и немаш многу познавање :/? Тука се раѓа и прашањето (заедно со бебето): Што да им подариш на луѓето кои создаваат луѓе?

За да не погодуваш и да ги прашуваш останатите мајки и татковци што е паметно да се поклони на бебе, ние направивме селекција на производи за кои сметаме дека сите нови родители ќе бидат благодарни ако ги добијат.

П.С – Секако смисливме подарок и за родителите 😊

1. Секојдневни резерви за грижа на бебето

Да, ги ставивме први во нашата листа зошто новите родители ќе ви бидат благодарни засекогаш ако им ги доставите до дома производите кои им се потребни за секојдневието со бебето. Многу влажни марамчиња, пелени, миризливи сетови од камилица за нега на бебето и се што би им ја скратила обврската за пазарување на неопходното и ќе им го продолжи времето за спиење.

2. Бебешка опрема

Нема да ви зборуваме за релаксатори, кадички , столчиња за хранење , туку за шишиња и цуцли. Шишињата за млеко или чај се доста користена работа во првите неколку месеци со бебето, без разлика дали цица или не, затоа се секогаш добродојдени. Иако мислењата околу цуцли се поделени на за или против сепак родителите ќе бидат среќни ако им подарите цуцла доколку се одлучиле за нејзино користење. Најдобро би било да им подарите и ланче за цуцлата за да им го скратите и времето за стерелизирање 😊

3. Добре дојде Мило 

Среќните моменти ги чуваме во нашата меморија , ама уште подобро е кога ќе ги овековечиме. Радосница е многу убав подарок на кои ќе се радуваат и родителите зошто ќе можат да си ги забележат најпрвите слатки, единствени, неповторливи моменти и искуства на постоење на своето бебе и бебето кога ќе порасне ќе се смее и радува за своите први денови на овој свет.

4. Облека за бебиња

Ако сакате да одите со “safe” варијанта, секогаш може да се одлучите за некое мало слатко парче облека за бебе. Бебињата растат неверојатно брзо и ги надраснуваат облеките, така што овој подарок никогаш не е на одмет. Ако се одлучите за подарок облека, внимавајте да ја погодите добро величината 😊

5. Мало внимание за родителите

Иако целиот фокус на родителите, а и на гостите кои доаѓаат во првите посети, е насочено кон новото бебе, сепак е многу важно да ги поздравите и да им одадете почит и на родителите кои го создале бебето. Грижата за новороденче, иако е најубавата работа на светот, знае да биде доста исцрпувачка, со безброј непроспани ноќи и се помалце време за себе. Потсетете ги родителите со тоа што ќе им подарите мало слатко внимание дека тие се заслужни за создавањето и грижата околу бебето и дека никогаш не треба да заборават да се грижат и да си дадат време и на себе. Може да се одлучите за некој вкусен колач кој би одел супер со чаша црвено вино 😉


РАЗГЛЕДАЈ


РАЗГЛЕДАЈ


РАЗГЛЕДАЈ


РАЗГЛЕДАЈ


РАЗГЛЕДАЈ