[ВИДЕО] МИТРА е дел од успешните приказни на платформата E-Commerce 4 All

Ептен ни е мерак да споделиме една супер вест со вас! МИТРА е една од петте успешни приказни од областа на домашната е-трговија, презентирани на E-Commerce 4 All платформата, која е управувана од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Преку успешната приказна за МИТРА шопинг сервисот за мода и животен стил, E-Commerce 4 All платформата сака да мотивира и охрабри што повеќе домашни бизниси да отворат свои е-продавници, преку кои ќе ги зголемат своите продажни канали и значително ќе го прошират својот пазар.

Успешната приказна за МИТРА е раскажана во три-минутно видео во кое Александра, нашиот идеен творец, зборува за тоа како дошла до бизнис идејата за ваков тип на онлајн продавница, за инспирацијата за уникатното име, но и за најголемите предизвици со кои се има соочено во текот на работењето. Александра зборува за растот на понудата на МИТРА, која сега вклучува над 300 брендови, како и за влијанието на COVID-19 пандемијата врз зголемувањето на приходите na МИТРА за 250%.

„Луѓето видоа во МИТРА пријател кој може да дојде до дома и да им ги донесе потребните производи“, вели Александра.

Александра издвојува и интересен факт дека многу родендени последнава година се прославени со подароци од МИТРА. 😊
 
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА 👇🏻