ЧУДНА ШУМА Ута од планините

Only in Macedonian language.

Ова е приказната на едно храбро девојче со големи соништа да се искачи на највисоките врвови на светот. Приказната на Фљутура, која со своите волшебни очи како две ѕвездички го осветлуваше светот околу неа. Со промената на годишните времиња, таа облекуваше фустанче во боите на тоа годишно време и секогаш со насмевка ги поздравуваше бескрајните убавини на природата. Нејзиното име значеше „пеперутка“, но нејзиниот сакан дедо ја викаше Ута и таа го задржа тоа име до денес. Со него стана позната низ целиот свет.

Во мај 2017 г. Ута стана првата жена од албанска националност што се искачи на Монт Еверест, на 8.848 метри. До 2020 година таа искачи пет врва над 8.000 метри и нејзината цел е да продолжи да се искачува на преостанатите 14 врва над 8.000 метри и да шири позитивна енергија на луѓето од целиот свет.

350 ден

Additional information

Weight0.03 kg

Reviews

There are no reviews yet.

Only logged in customers who have purchased this product may leave a review.