ПИКУХЕНКИ

  • Автор: Тон Телехен
  • Возраст: 3+ 
  • Година на издавање: 2023
  • Број на страни: 48
  • Јазик: Македонски 

680 ден

Опис

Многу одамна, во една далечна земја, живееше вештерка по име Пикухенки, која беше толку малечка што живееше под зрно песок, покрај прашинка, зад ливче трева.

Пикуенки посака да дознае дали е вистинска вештерка.

За да го направи тоа, прво слета во главата на едно куче, кое беше деноноќно врзано на дебел синџир. „Скини го синџирот!“ му рече таа и – ѝ успеа.

Потоа летна во главата на мечката што требаше да танцува на селскиот плоштад. Таа и неа ја натера да се побуни против својот суров господар – беше речиси сигурна дека е вистинска вештерка.

Тогаш дојде на ред нејзиниот последен и најтежок тест за вештерки. Слета во главата на мало момче. Ќе успее ли да го направи доволно храбро за да го фрли на колена царот од кого сите се плашеа?

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.