
Митра е создадена спонтано, но не и случајно.
Митра е резултат на нашиот животен стил, базиран на љубов, заедништво, дружење и потреба за комуникација.
Животен стил кој прерасна во бизнис, со јасна намера да ја пренесеме нашата страст кон модерното, убавото и корисното.
Митра е грижа за подигање на квалитетот на животот во и вон твојот дом, преку широк спектар производи од различни добавувачи, лесно и едноставно достапни, на само неколку клика со твоите прсти.
Онлајн продавница, фокусирана на квалитетна понуда, едноставно и брзо плаќање, надградено со експресна достава до твојот дом .
Тука може да најдеш сè што ќе ги задоволи твоите основни потреби, но и совршени подароци, продукти за здрав и квалитетен живот.
Во секојдневната трка со времето, Митра е твојот доверлив шопинг партнер и го заштедува токму најдрагоценото во современиот живот: времето.
Митра е корисна приказна за поддршка на твојот современ животен стил.
Историски, Митра е заштитник и чувар на сите аспекти на меѓучовечките односи, како што се пријателството и љубовта. Митра едноставно значи пријател. Твојот нов пријател.