ЧПП

Митра е онлајн продавница и сервис во која се понудени широк спектар на производи од домашни, регионални и светски брендови, внимателно избрани од нашиот тим за да ги задоволат твоите потреби како купувач. Во нашата продавница сите производи се уредно подредени по категории, брендови и лесни за пребарување. Ние ги испорачуваме сите производи од нашите бизнис партнери уредно до твојата адреса.

Веќе си во виртуелната продавница на Митра и можеш лесно да ги пребараш производите кои ти се потребни. Кога ќе го најдеш производот кој сакаш да го купиш, ги селектираш варијаблите кои се дадени да се изберат за производот (количина, димензии, боја, вкус, број). Потоа со еден клик го додаваш производот во својата кошничка. Во кошничката можеш да додадеш онолку производи колку што сакаш да купиш. Откако ќе ја наполниш својата кошничка со сите производи кои си ги одбрал можеш да продолжиш кон процесот на наплата и внесувањето на податоците за доставата. Кога ќе се изврши наплатата ние го припремаме производот за испорака и истиот ти го испорачуваме до врата согласно правилата за испорака.

За да купуваш на www.mitra.mk не е потребно да имаш кориснички профил. Доволно е само да го внесеш својот e-mail. Сепак, креирањето на профил е бесплатно и може да ти го олесни процесот на нарачка и во понатамошното купување .

Ако ја заборавиш својата лозинка, потребно е да ги следиш инструкциите кои ти ги задава нашиот систем за да можеш успешно да дојдеш до нова лозинка. Доколку имаш проблем, исконтактирај нè за да ти помогнеме.

Не, нарачките се прават само онлајн. Секако, доколку имаш проблем со нарачката, нашиот тим од грижа за корисници ќе направи сè што може за да ти го олесни купувањето. Јави се на нашиот контакт телефон или пиши ни на нашата контакт e-mail адреса.

Работното време на Грижата на корисници на Митра е од 9:00 до 16:00 секој ден во текот на работната недела. Се трудиме да одговараме на сите пораки во текот на 24 часа. Се извинуваме ако сè уште немаш добиено одговор, ќе ти одговориме најбрзо што можеме.

Во моментот кога успешно ќе ја завршиш процедурата за купување на производот на твојата e-mail адреса, која ја имаш оставено при купувањето, ќе пристигне автоматска потврда од нашиот систем дека продажбата е успешно направена. По купувањето ќе бидеш пренасочен/а на екран каде пишува дека трансакцијата е успешна, ако истата била процесирана успешно. По успешната трансакција ќе добиеш SMS на твојот телефонски број од страна на твојата банка доколку банката ја нуди оваа опција.

Ако ти се појави порака дека плаќањето е неуспешно, односно не може да се реализира трансакцијата, најпрво провери дали успешно и точно си ги пополнил/а сите празни полиња со податоците за плаќањето, дали е сè во ред со твојата картичка, провери ја важноста на картичката и дали имаш доволно средства за да се изврши купувањето. Ако твоите податоци се успешно внесени и сè е во ред со твојата платежна картичка , тогаш најверојатно проблемот е технички. Исконтактирај нè на [email protected] за да можеме да ја провериме трансакцијата и да го решиме проблемот.

Можеш да купуваш со сите кредитни и дебитни платежни картички од сите банки (Visa, Master Card, Maestro и DINERS CLUB International ), само доколку твојата банка одобрува плаќање на интернет со твојата платежна картичка. Доколку имате дополнителни прашања контактирај ја својата банка за подетални информации.
Купувајте од дома, од работа или во движење до 12 рати со DINERS CLUB International картичките и со Иуте кредит на 36 рати.
За да може да се изврши наплата од твојата платежна картичка потребно е да ги оставиш сите податоци кои се бараат во полето за наплата: бројот на картичката без празен простор помеѓу броевите, име и презиме на сопственикот на картичката, датумот до кога важи картичката, CVC/CVV кодот кој се наоѓа на задната страна на картичката.

Не, принципот на плаќање во нашата продавница е само електронски со картичка.

Секоја трансакција на www.mitra.mk со платежна картичка се одвива преку сигурносниот систем на Халк Банка. Податоците кои ги внесуваш при плаќањето од твојата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на Халк Банка. Во моментот кога го извршуваш плаќањето и ги внесуваш податоците, истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас не се видливи.
На www.mitra.mk купуваш производи од нашите локални брендови како и брендови од регионот и светот, внимателно избрани само за тебе од нашиот тим. Цените се одредени во соработка со нашите бизнис партнери. Иако немаме многу контрола во варирањето на цените, сепак можеме да гарантираме дека секогаш ќе ја понудиме најдобрата цена за време на нарачката.

Кога успешно ќе се изврши трансакцијата во нашиот систем автоматски се проследува твојата нарачка. Нарачката се пакува уредно во хартиени ќеси, кутии и се предава на доставувачот кој ја испорачува според податоците наведени за доставување на пратката. Доставата во Скопје ја вршиме со наши сопствени возила, а за останатите градови во Републиката, доставата се врши со карго пошта со која што имаме склучено договор за соработка.
Доставата на производите во Скопје се врши во рок од 24-48 часа од моментот на нарачката во работни денови. Но имаме и неколку производи под кои стои посебен период за достава.
За останатите градови доставате е во рок од 5-7 работни дена .
Доставата се извршува секој работен ден од 12:00 до 20:00 часот. Сабота и недела се неработни денови исто како и сите државни и верски празници.


Да, можеш да купиш производ за друго лице или за подарок и да ги наведеш податоците и адресата за лицето што ќе ја прими нарачката.
Да, можеш да оставиш персонализирана порака која ќе биде испишана на картичка.

Доставата е бесплатна ако нарачката изнесува над 2500,00 МКД. Доставата на производите за во Скопје се врши во рок од 24 - 48часа од моментот на нарачката , а за низ Македонија 3 до 5 работни дена . Освен за производи под кои стои друг рок за испорака.

Доставата е бесплатна ако нарачката изнесува над 2500,00 МКД. 
За следниве населби : Карпош, Влае, Хром, Г. Петров, Центар, Аеродром, Злокуќани, Автокоманда, Бутел, Чаир, Кисела Вода .
Доколку нарачката е помала од 2500,00 МКД, се наплаќа надомест за достава во износ од 150,00 МКД.

За останатите градови за доставa се наплаќа надомест во износ од 177,00 МКД.
Ако купиш повеќе производи кои имаат предвидено различно време за доставување , нашата политика е дека сите производи ќе ти бидат доставени во исто време , односно во времето предвидено за производот кои има најмногу предвидени денови за достава.

Да, ако сакаш да си ја подигнеш сам/а нарачката, во делот за наведување на податоци за достава се означува опцијата „Подигни сам“ и нарачката можеш да ја подигнеш од просториите на Митра кои се наоѓаат на ул.Прашка бр19 во времето кое ќе биде предвидено за подигнување до 15 часот.

Откако производот ќе ти биде доставен и одлучиш дека сакаш да го вратиш поради неточен број или не ти се допаѓа, истиот можеш да го вратиш/замениш во рок од 15 дена. на сопствен трошок. Производот мора да не е користен, не е оштетен, спакуван во оргинално пакување со сите придружни компоненти и документација со која производот бил првично испорачан.

Те замолуваме да се погрижиш нарачката да биде вратена во истата состојба како што си ја примил/а. Доколку при враќањето производот не се совпаѓа со нашите правила нарачката нема да биде прифатена назад.
Кога производот ќе ти биде доставен треба да провериш дали е оштетен. Доколку од било која причина производот што си го добил е оштетен, истиот може да ни го вратиш во рок од најмногу 15 дена од неговиот прием, заедно со целата добиена документација за истиот, но при тоа, потребно е производот да биде во неупотребена состојба – онаков како што си го добил/а, сместен во оригиналното пакување со сите придружни компоненти, етикети, по што ќе ти го вратиме износот којшто си го платил за производот (без износот за вклучена достава доколку таква имало) или по заеднички договор, ќе го замениме со друг/и производи во иста вредност.