BECUTAN SUN Масло за заштита од сонце SPF 30 150мл

Маслото Becutan SPF 30 ѝ овозможува сигурна заштита на нежната детска кожа од штетното УВ зрачење при секојдневното изложување на сонце, особено во летниот период. Комплексната формулација на маслото се заснова врз употребата на висококвалитетни УВ–филтри, кои ги апсорбираат сончевите УВА- и УВБ-зраци. Иновативната водоотпорна формула со внимателно одбрани состојки овозможува брза и лесна апсорпција на маслото, давајќи ѝ на кожата пријатно кадифено чувство при допир, без појава на мрсен сјај на нејзината површина. Заедно со витаминот Е ова масло ќе ѝ овозможи сигурна заштита на детската кожа.

Во својот состав содржат:
– маслиново масло – ја хидрира кожата и дејствува против појавата на црвенило;
– екстракт од камилица – ја штити кожата од иритација, има антибактериско дејство и смирува евентуална појава на црвенило;
– витамин Е – ја одржува нормалната влажност на детската кожа и ја прави мека и еластична;
– Де-пантенол – ја хидрира кожата.
Производите се клинички тестирани.

507 ден

Опис

 

Начин на употреба:
– Се нанесува на сува кожа 15 минути пред да излезете на сонце или по секое капење.
– Се препорачува почесто да се нанесува.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.