Смола

Ане Рил

Издавач : Антолог

Година : 2023

Страници : 256

Формат :13*20

Јазик :  Македонски

 

400 ден

Опис

Лив умрела кога имала шест години. Барем така гласи официјалната верзија.

Една вечер таткото ќе го турне нивниот чамец кон брановите и ќе гледа како се распарчува од карпите. Потоа ќе ја пријави својата ќерка како исчезната. Службената потера трае долго и безуспешно. Но, зад шутот пред работилницата на нејзиниот татко се крие Лив. Живее сама во мракот, треперејќи пред секој неочекуван шум. Татко ѝ тврди дека на ваков начин нема да мора да оди на училиште. Нема да мора да ги напушти родителите и да се соочи со светот кој е полн со опасности и лоши луѓе.

Неизмерно трогателната и напната приказна прикажува што се случува кога некого премногу сакате, а желбата да го заштитите се претвора во нешто што таа личност неповратно ќе ја повреди.

„Смола“ ги доби четирите најважни крими-награди во Скандинавија и доживеа светска препознатливост. „Гардијан“, „Телеграф“ и „Дејли експрес“ ја прогласија за еден од најдобрите романи во 2018 година. Досега е преведена во 31 земја, а во 2019 година е адаптирана во филм.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.