БЕГЕМОТ Џенем

Издавач: Бегемот Јазик: Македонски Година: 2016
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 138 | Димензии: 180×110

150 ден

Опис

Џенем е новела од раниот творечки период на Замјатин, напишана во времето на Царска Русија (1914). Во неа, како и во неколку други свои дела, авторот ја разработува темата на руската паланка низ објективот на гротескниот реализам.

Новелата го претставува животот на еден сибирски воен гарнизон, далеку на рускиот исток, испреплетен со секакви пороци и обвиен во атмосферата на блуткавост и затвореност. Сижето ја отсликува темната страна од дуалниот светоглед на Замјатинентропијата. Наспроти енергијата, виталниот принцип, ентропијата води полека кон ужасот на пасивноста, глупавоста, ограниченоста, рамнодушноста.

Иако новелата била примена со одобрување од прогресивната критика, властите го забрануваат нејзиното печатење и дистрибуцијата поради нејзиниот антимилитаристички тон и сатиричниот однос кон паланечкиот менталитет и декадентниот живот на руските воени чиновници. Ова дело го означува Замјатин како еретичко и револуционерно перо во однос на конзервативниот царски систем, исто како што подоцнежниот критички однос кон дегенерираната револуција ќе го смести во редовите на дисидентите и еретиците.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.