БЕГЕМОТ Еднонасочна улица / Детството во Берлин

Издавач: Бегемот Јазик: Македонски Година: 2018
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 293 | Димензии: 180×110 | Корица: мека

300 ден

Опис

„Валтер Бенјамин е своевиден архетип за европскиот интелектуалец од првата половина на XX век. Иако неговото дело се потпира на непретенциозност, фрагментарност и жанровска хибридност, за Бенјамин слободно може да се каже дека е еден од авторите што имаат оставено длабока и неизбежна трага во современата филозофија и литературата.“

Ди Цајт

„Двете експериментални дела на Бенјамин претставуваат сериозен предизвик за секој читател: иако кратки, опфаќаат широк ранг жанрови – од афоризми до политичка сатира, од носталгичен мемоар до автобиографска метафикција, од филозофска рефлексија до мајсторски напишан краток расказ.“

Тајмс

„Вештината на Бенјамин како писател е особено забележлива во Еднонасочна улица и Детството во Берлин, каде што авторот ја користи својата стандардна изразна форма – филозофскиот есеј – но значително ја скратува и ја зачинува со лиричност, автобиографија, хумор, мемоарска проза, создавајќи еден прекрасен меланж каков што во книжевноста се среќава исклучително ретко.“

Сузан Сонтаг во предговорот кон англиското издание на Еднонасочна улица

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.