Белиот Трофеј Блаже Аризанов

  • Автор: Блаже Аризанов
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-5776
  • Година на издавање: 2018
  • Број на страни: 138
  • Димензии: 125/195
  • Корица: Мека
  • Јазик: Македонски

199 ден

Само 1 останати во залиха

Опис

Во есента 2016 година гледа како вработените ги креваат последните парчиња мебел затоа што им должи плата за три месеци. По само две години фирмата станува една од Деветте најпросперитетни индиски стартап компании за 2018 година според Форбс Индија.

Белиот трофеј го следи бизнис-патешествието на Блаже Аризанов, роден во осиромашено семејство во струмичкото село Борисово, кој во 2011 заминува во Индија и по 4 години ја основа компанијата Стеј анкл (Stay Uncle), која за кратко време предизвика вистинска револуција во древната земја. Со своите радикални маркетинг-методи, преку предизвикување на традиционалните индиски вредности, Блаже Аризанов успеа да сруши многу табуа, но во исто време да разлути многумина и да го доведе својот и животите на своите вработени во опасност. И додека популарните телевизиски канали повикуваа на медиумски линч кон младата компанија, каналот Дискавери си го пробиваше патот низ трошните сокаци за да го пронајде подрумчето од кое тимот ја водеше компанијата за која сакаа да направат репортажа…

Низ што сè поминува македонскиот претприемач обидувајќи се да го промовира концептот на хотели за краток љубовен престој во земјата со најголем број млади луѓе во која сексот и отворените врски се сè уште табу?

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.