НА ПОПУСТ 20%

XIAOMI Mi Body Composition Scale 2 Smart вага за телесна тежина

Компатибилност: Android 4.4, iOS 9 +
Тип: LED
Bluetooth: 5.0
Димензии: 300мм x 300мм x 25мм
Тежина: 1.7 кг
Опсег на мерење: 100гр. – 150кг.
Материјал: калено стакло, ABS
Напојување: 4xAAA батерии ( не се вклучени во пакувањето)
Мери: мускулна маса, маснотии ( според висина и тежина- BMI ) , телесна маса, килажа, маснотии (body fat), вода во телото, базичен метаболизам, висцеларни масти. Ги меморира вашите резултати и прогрес

1,990 ден

Опис

Xiaomi Body Fat, наречена уште Xiaomi Mi Composition Scale 2.0, е вага што, покрај мерењето на телесната тежина, може да открие дури десет различни параметри на телото.
Mi Scale 2.0 преку четири електроди од нерѓосувачки челик и технологијата БИА (анализа на биоелектрична импеданса) прикажува:
– индекс на телесна маса (BMI);
– процентот на телесна масна маса;
– процентот на вода во телото;
– базален метаболизам;
– висцерална маст;
– мускулното ткиво;
– коскена маса.
Сите овие податоци се преземаат преку Bluetooth на твојот смарт телефон и се прикажуваат на апликацијата Mi Fit, што може да се преземе бесплатно од Play Store и на англиски јазик, а телесната тежина ќе биде прикажана на LED-екранот на вагата.
Заоблениот дизајн без рабови и белиот материјал ABS ја прават оваа вага да биде практична и елегантна (висока е само 14,75 мм), гумените ногалки се позиционирани на долниот дел заради безбедност и штитат од лизгање, а облогата од Gorilla Glass ја прави уште поотпорна.
Вагата функционира на 4 батерии ААА (не се вклучени во пакетот) и може да се анализира податоци на 16 различни корисници. Ја мери и најмалата варијација на тежина благодарение на високо-прецизниот сензор од тип G, направен од манган челик. При мерењето и толкувањето на податоците се користат три различни алгоритми, минимизирајќи го просторот за отстапка.
Со добиените податоци може да ги прилагодат персоналните вежби и исхрана врз основа на прикажаниот Body Mass Index (BMI). Мотивирај се за поздрав живот!
Може да се пофали со:
– Сензор со голема прецизност способен да открие варијации од 50 g
– Поврзување со апликација Xiaomi Mi Fit која ги прикажува податоците и промените на телото во секое време
– Секое регистрирање на тежина ќе се вчита во cloud APP со неограничено складирање
– Двоен режим: покрај телесната тежина, вагата може да мери мали предмети почнувајќи од 100 g
– Пресметка во реално време на идеална тежина. Опремена е со функција за мерење на тежината, заснована на висина, возраст, индекс на телесна маса и други податоци
– Проценка на рамнотежата на телото: Опремена е со функција која ја тестира рамнотежата на телото; преку апликацијата може да се избере опцијата за балансирање на тело, и да се определи стоејќи на вагата со една нога; (корисно за тие што практикуваат јога)
– Интелигентна анализа и посебен профил за секој член од семејството: Вагата поддржува мерење до 16 членови на семејството кои автоматски се идентификуваат врз основа на физичките податоци. Може исто така да се постави режим на „гости“ и податоците за мерење на други луѓе не се зачувуваат.
– Поддржува функција за мерење бебиња
Компатибилност со уреди Android 4.4 / iOS 9.0 или нивни понови верзии.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.