Опис
Oд карпестите падини на Единбург до сончевите пристаништа во Истанбул, од прашливите улици на Памплона до ветровитите станици во Берлин, Ticket to Ride Europe ве носи на нова авантура со воз низ најголемите европски градови од почетокот на овој век. Дали ќе ризикувате и ќе патувате низ темните тунели на Швајцарија? Или со
ферибот преку Црното Море? Или преку раскошните железнички станици на големите метрополи од старите империи? Вашиот следен потег може да ве претвори во новиот голем европски железнички магнат! Спакувајте ги вашите куфери, поздравете го кондуктерот и качете се во возот!
- Правилата во играта се на македонски јазик
- Броj на играчи: 2-5
- Времетраење: 30-60 мин
- Возраст: 12+
- Издавач: Days of Wonder
Рецензии
Сѐ уште нема препораки за овој производ.