Другарче

Питер Колвајк

Издавач : Антолог

Година : 2023

Страници : 256

Формат :13*20

Јазик :  Македонски

 

450 ден

Опис

Награда Gouden Griffel за најдобра книга за деца во Холандија за 2021 година.

Тичен е главниот протагонист во оваа оригинална книга и тој мисли дека е сосем нормално да има невидливо пријателче кое ќе биде постојано со него. А неговото име е – Другарче.

Другарче“е приказна која уште од самиот почеток маѓепсува со фантастичните авантури на Тичен и неговото пријателче. Одат во лов на тролови, се обидуваат да победат чудовишта, да изгаснат пожари… и секогаш се наоѓаат во неволја поради тоа. Особено Тичен, откако ќе му посочат дека Другарче постои само во неговата фантазија.

Бидејќи Другарче не може ниту да го види ниту да го слушне никој освен Тичен, неговите родители, а особено неговата мајка, се загрижени. И иако таткото претставува еден вид хумористичен фактор во приказната, тие заедно носат драстична одлука: Другарче мора да исчезне од животот на нивниот син.

Во својот млад херој, Колвајк вградува неизмерна самодоверба благодарејќи на виртуелното пријателче. Но сега почнува да го демне опасноста од исчезнувањето на Другарче и светот на неверојатните авантури. Сè додека приказната не добие изненадувачки пресврт во кој ќе се покаже дека работите не се баш такви какви што се чинеле…

Книгата е прекрасна животна лекција за млади и за возрасни читатели!

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.