БЕГЕМОТ Универзална историја на нечесноста

Издавач: Бегемот Јазик: Македонски Година: 2016
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 106 | Димензии: 180×110

200 ден

Опис

Универзална историја на нечесноста содржи девет раскази од годините 1933-1934, како и шест пократки форми, неверојатни приказни. Кратките форми, инспирирани од арапските легенди, имаат карактеристики на параболи. Додека, пак, расказите се класични отсечки од наративна проза. Нивните јунаци се разни ништожници: крадец на идентитет, лажен пророк, пирати, њујоршки гангстер или, пак, легендарниот Били Кид. Хорхе Луис Борхес ги пренесува своите читатели на мапите на Универзалната историја на нечесноста на разни места во светот – од САД во XIX век, во Јапонија од XVIII век, во Туркменистан, Чиле…

Иако авторските текстови на Борхес се помешани во збирката со оние што се создадени врз основа на чуени приказни, претставуваат негова сопствена интерпретација на туѓи приказни. Тие се позајмени, но живеат автономно, независно од примарните басни и легенди.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.