НА ПОПУСТ 10%

Calvin Klein Women парфем за жени

Првиот Calvin Klein мирис под водство на новиот креативен директор на модната куќа, Раф Симонс, беше лансиран на пазарот во август 2018 година едноставно наречен Calvin Klein Women. Концептот за истиот Симонс го пронаоѓа во својата страст кон фотографијата, инспириран од силата на жените. Композицијата ветува цветно-дрвенест мирис од иновативен карактер, за чие создавање се заслужни парфумерките Honorine Blanc и Annick Menardo. Инспирацијата доаѓа од убавината, експресивноста и силата на женскиот поглед. Мирисот комбинира свежи, кисели ноти со цветна срцевина и основа составена од дрвенести ноти. Нотата на еукалиптус, необична состојка за композиција на женски парфем, е избрана со цел да претстави сила и карактер. Горните ноти на мирисот се составени од ноти на еукалиптус, бибер и цитруси. Срцевината е составена од ноти на цвет од портокал, магнолија и јасмин, додека основата од кедар, темјан и амброкс. Заштитни лица на новиот парфем се актерките Lupita Nyong’o и Saoirse Ronan, како и жените на кои тие лично им се восхитуваат – Eartha Kitt и Katharine Hepburn за Lupita и Nina Simone и Sissy Spacek за Saoirse.

3,411 ден5,550 ден

Исчисти

Дополнителни информации

Пакување (ml, l)

,

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.