Фикција

Автор: Мартин Велезер
Издавач: ПОЛИЦА
Жанр: Белетристика
Број на страници: 61
Година на издание: 2019

250 ден

На залиха

Опис

Во Фикција (1970), Валзер, во суштина, го брани уметничкото сфаќање дека писателот располага со неограничена, но и лажна креативна слобода што се пројавува само во делата за сметка на општествениот ангажман; постепено зборовите почнуваат да се спротивставуваат на бесцелно насилство врз нив, престануваат да бидат послушни, се распаѓаат и го губат оригиналното значење. Во Фикција се соочуваме со самовластието на една креативна имагинација што ги слуша само сопствените идеи и не се врзува со никаква објективна заповед или врховна цел. Недостасува каква и да е фабула, мотивите се нафрлаат произволно и создаваат бескрајно голем синџир слики. Нараторот го прекинува своето излагање за да го продолжи повторно од друга почетна точка; ликовите ги менуваат своите ликови и функции; значењето на една реченица се побива само неколку реда подоцна. Во овој текст, Валзер ја разоткрива загатката на едно литературно дело, кое всушност е неодговорно исмевање со уметноста – некаква безвредна вербална игра што се повикува на модерноста, но ја заобиколува вистинската содржина на човечкиот живот.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.