SPORT SHOULDER – СПОРТСКИ СТЕГАЧ ЗА РАМО

СПОРТСКИ СТЕГАЧ ЗА РАМО

Опис/Намена

Ова помагало претставува ремен за рамо кој овозможува потпора на рамото. Помагалото е наменето само за лекување на наведените индикации и за пациенти чии мерки соодветствуваат на оние во табелата со големини.

Состав

Полиестер – полиамид – природен латекс – синтетичка гума (SBR) – полиформалдехид – еластан.

Својства/Начин на дејствување

Еластична ткаенина која го покрива рамото.

Лента за потпора со прилагодливо затворање. Двостран модел кој е погоден за двете раце.

Рамни шевови за поголема удобност.

Анатомски крој за да го следи движењето на рамото.

димензија 28-31 cm  (S)

димензија 32-35 cm  (M)

димензија 36-40 cm  (L)

 

 

1,850 ден

Опис

Индикации

Повреди на рамото и/или лактот или воспалителни состојби. Сублуксација (делумно исчанчување) на рамото или спречување на повторно исчанчување (нестабилност на зглобовите). Исчанчување на рамото.

 

Контраиндикации

Не го користете производот доколку дијагнозата не е потврдена.

Не го нанесувајте производот директно на оштетена кожа.

Не го користете во случај на позната алергија на некоја од состојките.

Не го користете во случај на сложени или хируршки фрактури на рамото или фрактури на ребрата.

Не го користете при одредени постоперативни состојби (повеќе фрактури, поставување на спојки, отворени фрактури, итн.).

 

Мерки на претпазливост

Пред секоја употреба, проверете дали производот ги содржи сите делови.

Не го користете помагалото доколку е оштетено.

Изберете ја соодветната големина за пациентот со помош на табелата со големини.

Консултирајте се со стручен здравствен работник во следните случаи:

– во случај на двоумење пред употреба,

– во случај на несигурна дијагноза.

Консултирајте се со стручен здравствен работник и престанете да го користите помагалото:

– во случај на неудобност, значителна пречка, болка, невообичаено чувство,

– во случај на промени во перформансите на помагалото.

Од хигиенски и сигурносни причини, како и заради делувањето на производот, не го употребувајте повторно за друг пациент.

Не го изложувајте производот во директен допир со масни материи (маст, крема, итн.).

Долготрајната имобилизација понекогаш може да предизвика мускулна слабост.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.