Разговор со Мимоза Ван Дер Стеене, сопственичка на Casa Gracian

Кошулите се клучни парчиња облека во сечија гардероба – удобни, практични и совршени за среден изглед во безброј варијанти. Добрата кошула е во основата на оние предобри комбинации во кои можеме да го поминеме целиот ден, од состаноци низ канцеларии, до забавни вечери со пријателите (се разбира, во подобри времиња).

Со оглед на тоа што сме ептен големи љубители на безвременската естетика на кошулите со совршен дизајн и нивната неограничена примена, многу ни е мерак да ја споделиме нашата нова соработка со вас!

Здруживме сили со модната креаторка Мимоза Ван Дер Стеене и нејзиниот бренд Casa Gracian во мини-колекцијата кошули Casa Gracian White Collection, за жени и мажи, која е сега достапна ексклузивно на МИТРА!

Во оваа колекција, создадена од жена која дизајнира класични кошули со модерен шмек веќе 24 години, ќе си најдете парчиња кои ќе ги носите одново и одново и години отсега. Долгогодишното искуство, во комбинација со личната пасија на Мимоза токму за овие парчиња, дефинитивно зборуваат за квалитетот на колекцијата. Плус, кога ќе дознаете колку кошули поседува Мимоза, ќе бидете сигурни дека инвестирате во кошула од најфини материјали, чиј дизајн е осмислен до најситниот детал.

Пред да ги разгледате кошулите, прочитајте го нашиот разговор со Мимоза во кој зборуваме за оваа интересна соработка.

Сакаме да знаеме сè за вас и за прекрасните кошули на Casa Gracian. Како дојдовте до идејата да почнете да креирате кошули? Дали истата се разви поради лична потреба за совршената кошула?

Македонка и Холанѓанка, бизнис-жена, сопственичка на Casa Gracian, моден креатор, стилист, мајка, сопруга и dog rescuer. Ја избрав модата како професија затоа што и самата сум зависничка од убави текстилни парчиња. Долгогодишното живеење во Холандија си го направи своето, па негувам стил кој комбинира класична облека со необични, модерни додатоци.

Идејата за сопствена колекција на кошули датира точно пред 24 години. Љубовта кон кошулите си го направи своето. Водена од познатата изрека „Класиката останува засекогаш“, многу брзо после тоа, ја реализирав таа идеја во Италија, колевката на модната кошула. Сега, Casa Gracian има два брендови, Gracian Collezioni Donna, за женски кошули и Gracian Collezioni Uomo, за машки кошули. Casa Gracian спојува префинетост, достоинство, отменост, фин вкус, углед и авторитет.

Кошулите се продаваат и во Холандија. И покрај тоа што е земја со изграден животен стил, јас и таму ги едуцирав клиентите за убавите нешта и тие со задоволство ги прифаќаа моите модни совети, можеби затоа што им ги пренесував со љубов и страст. Имав среќа што мојот моден стил е сличен на стилот на повеќето жени од Холандија кои се вљубенички во модата.

Како решивте да се занимавате со мода? Кога сфативте дека токму модата треба да биде ваша професија?

Модата е дел од мојот живот откако знам за себе, така што неминовно беше да стане моја професија. Од дете експериментирав со убави ткаенини и модели. Креирањето облеки и накит си дојде само по себе. Секогаш кога ќе купев модно парче, некако имав чувство дека јас би го направила поинаку и подобро.

Како го дефинирате стилот на Casa Gracian? Што ги соединува жените и мажите за кои создавате кошули?

За да го дефинирам модниот стил на Casa Gracian ќе ја употребам англиската референца „Clasic and Classy“, што би се превело како класично со стил. Естетиката на Casa Gracian може да се опише и како англиско-аристократска со доза на трендовски детали. Карактеристично за овој стил е тоа што е малку конзервативен, но со употреба на модни детали се преобразува во модерен стил наменет за секоја жена и маж.

Која е инспирацијата за мини-колекцијата на Casa Gracian кошули која ќе се продава ексклузивно на Митра?

Се наоѓаме во време на Ковид-19, така што неминовно беше продажбата да се олесни и да се пренасочи онлајн, а воедно да покажеме дека секогаш постои светло на крајот од тунелот. Па, токму затоа, името на ексклузивната колекција за Митра е Casa Gracian White Collection.

Какви материјали користите за изработка на кошулите на Casa Gracian?

Користиме само природни материјали, како што се памукот, свилата и ленот, во зависност од годишното време во кое се наоѓаме.

Дадете ни по 2-3 предлог-комбинации на облека за жени и за мажи со кошулите на Casa Gracian?

Предлозите и советите најмногу зависат од личноста и пригодата. Најчесто, советувам придржување до основните правила. На пример, да не се мешаат тегет и црна боја, а ременот, чевлите, чантата и другите модни додатоци да бидат во иста боја. Кога аурата на личноста и соодветниот стил на нашите кошули совршено ќе се вклопат во една хармонична целина, резултатот е непогрешлив, а чувството незаменливо, како жена или маж од милион долари.

Каков е вашиот моден стил? Кои се вашите клучни парчиња?

Најудобно се чуствувам кога носам кошула со фармерки, пуловер од кашмир, чевли во иста боја како ременот и ташната, како и марама или пак шал, кои ги избирам според сезоната и пригодата. Неминовно е комбинацијата да ја завршам со палто. Што се однесува до вечерните излегувања, најдобро се чуствувам во црна боја, тоа некако ѝ дава посебен акцент на ноќта. Се разбира, стилот на Casa Gracian е и мојот приватен стил. Тоа не е само моден стил, туку и „lifestyle“ или стил на живеење.

Колку кошули имате во вашата гардероба? Дали ги носите секојдневно?

24 години поминати во креирање и произведување кошули си го направија своето и придонесоа да имам голема колекција. Не сум броела, но сигурно имам над 300 кошули.

Дали практикувате онлајн пазарење и што најчесто купувате на Интернет?

Онлајн пазарењето го практикуваме фамилијарно, за голема палета артикли, од облека и чевли до добри книги.

Кој е вашиот најдобар совет за купување облека онлајн?

Купувајте го она што ќе ви биде eye-catcher, она по кое буквално ќе ви заигра окото.

CASA CRACIAN RENATA WHITE КОШУЛА


НАРАЧАЈ ТУКА

CASA GRACIAN ROUGE VOLANT КОШУЛА


НАРАЧАЈ ТУКА

CASA GRACIAN CAMICIA КОШУЛА


НАРАЧАЈ ТУКА

CASA GRACIAN ERIKA КОШУЛА


НАРАЧАЈ ТУКА

CASA GRACIAN LORA КОШУЛА


НАРАЧАЈ ТУКА

CASA GRACIAN LUNA КОШУЛА


НАРАЧАЈ ТУКА

CASA GRACIAN RENATA LONG КОШУЛА


НАРАЧАЈ ТУКА

CASA GRACIAN WINDSOR КОШУЛА


НАРАЧАЈ ТУКА

CASA GRACIAN BD AVENUE КОШУЛА


НАРАЧАЈ ТУКА

CASA GRACIAN GRACIAN КОШУЛА


НАРАЧАЈ ТУКА