За балетот и новото нормално со Саша Евтимова


Моменталната здравствена ситуација донесе многу предизвици во нашите животи и комплетно ни го смени секојдневието. Нема човек кому не му е тешко да се прилагоди на новото нормално и да функционира во новите услови. Но, работите стануваат уште покомплексни кога истата директно влијае на можноста да се работи во дадена професија и го диктира опстанокот на одбраната кариера.

За талентираната кореографка Саша Евтимова, таа кариера е балетот. Прекрасната уметност која е создадена за да инспирира и да носи восхит и уживање не е работа која може да се работи од дома. Не е ниту работа која трпи физичка дистанца, маски или било какви мерки за заштита. Во балетот не се ужива дома, пред екран, така како што се ужива кога се проследува од публика, на сцена.

Затоа, денес, со нашата пријателка Саша разговараме за сите предизвици со кои се соочува изминативе месеци, приватно и професионално, за инспирацијата за „Болеро“ под маски, првата балетска претстава од почетокот на пандемијата, но и за нејзините омилени производи од МИТРА.

За предизвиците во балетската индустрија периодов…

Предизвиците во балетската индустрија, како и во секоја уметност или спорт, се големи. Бараат многу откажувања и максимална посветеност. Голем предизвик беше да работиме од дома, бидејќи балетот не е работа која можеш да ја работиш од дома. Имаше доста онлајн часови кои колку-толку ни помагаа да останеме во некаква форма, но потребен е простор за изведување на балетски движења. Моментално се наоѓаме во или пред еден период кој навистина е предизвик за балетот како уметност, бидејќи опстанокот на балетската уметност, и не само балетот туку и културата во целост, е ставена под еден голем прашалник. Гледам дека големите балетските компании во Европа и низ светот полека се враќаат на работа, но има и компании кои тотално се затворија, а кај нас сè уште нема никакви одговори на прашањето кога би можеле да почнеме официјално со работа. Некако целата култура виси во воздух. Мора да се вратиме на работа под најригорозни мерки, што за нас е многу тешко и ќе биде тешко, работа со маски, физичка дистанца која се применува на час, а која не може да се одржува кога станува збор за ансамблови игри во класични претстави, дуетни танци итн. Што сето ова значи за балетската уметност само времето може да покаже.

За справувањето со новото нормално…

Одлично се справувам со новото нормално, ништо не ми менува или недостасува. И претходно некои од мерките кои важат ги применував, можеби затоа што, уште од мала, балетот ме има научено на дисциплина – школо, балет, дома, без многу дружби. Дури и кога сум излагала во диско, преку играњето сум креирала свој „personal space“ :). Го сакам своето приватно катче, но единствено што ми е сè уште тешко е да се прилагодам на фактот што не можам да си ја гушнам мајка ми, која ми е најголема поддршка, најдобар пријател.

За мотивот, инспирацијата и пораката на балетската претстава „Болеро“ под маски која премиерно се изведе на Охридско лето во чест на Олга Милосављева…

„Болеро“ беше во план да се постави уште пред да почне пандемијата. Од мала ми било сон да го поставам „Болеро“, можеби затоа што како мала бев воодушевена од кореографијата на Олга Милосављева. За прв пат се користеа модулите на сцената на тогашниот МНТ, секоја девојка имаше свој модул за игра со спот светло и посакував да играм. Мислам дека на сите балерини од тоа време „Болеро“ им беше омилено и сакаа да заиграат. Правам муабет за претстава што е поставена пред 30 години. Олга Милосављева е за мене револуционерен кореограф кој има многу направено за подигање на балетската уметност. Затоа, ова дело е и омаж за Олга, и не само за Олга, туку за сите постари балетски уметници кои етузијастично се бореле за оваа уметност. Можеби од тука доаѓа и инспирацијата за „Болеро“, која за мене музички носи емоција на среќа, на преродба, на нови почетоци, на надеж. Секој од нас се соочува со сопствени проблеми за кои никој не знае. Затоа, секогаш мораме да гледаме напред, да бидеме сплотени, да бидеме љубезни еден кон друг, да се разбираме… можеби тоа би било пораката меѓу редови.

За идните планови…

Сега за сега немам идни планови, бидејќи морав сите планови да ги откажам поради пандемијата. Но, гледам максимално да го искористам времето креативно. Имам доволно слободно време за истражување, инспирација и креирање на нови дела. Сепак најголемите музички дела имаат произлезено за време на големата пандемија во 1918 година.

За тоа што најчесто пазари на МИТРА…

Дефинитивно лимитираната колекција на Ношпал, бидете шик, модерни и во тек со модните трендови.
Спортската опрема и помагала, лесен начин да ги избегнете гужвите во фитнес центрите и можноста да се држите во форма од вашиот дом.
Било кој производ од категоријата дом, и да не заборавам, маркетот кој ви е дланка само со еден клик и брза достава.