Најбогатиот човек на Вавилон

  • Автор: Џорџ С. Клејсон
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-506-6
  • Година на издавање: 2017
  • Број на страни: 149
  • Димензии: 125×195
  • Корица: Мека
  • Јазик: Македонски

280 ден

Нема на залиха

Опис

ТАЈНИТЕ НА УСПЕХОТ НА ДРЕВНИТЕ НАРОДИ – СИГУРЕН ПАТ КОН СРЕЌА И ПРОСПЕРИТЕТ

Безвременото дело Најбогатиот човек на Вавилон го содржи клучот на сите ваши желби и на сè што сакате да постигнете. Оваа книга досега им ја откри својата тајна за збогатување на безброј читатели.

„Вавилонските параболи“ запишани на глинени плочки се еден од аманетите што ни ги оставил древниот народ. Овие инспиративни и поучни приказни за економичноста, планирањето на финансиите и личното богатство ве упатуваат кон вистинскиот пат на успехот и радостите што го следат. Потврден како класика на модерното време, овој славен бестселер ви нуди длабоко разбирање и едноставно решение на личните финансиски проблеми.

Најбогатиот човек на Вавилон е книга што ги содржи тајните за тоа како да стекнете пари и како да ги натерате парите да работат за вас и да ви донесат уште поголемо богатство – и материјално, но и духовно. Прочитајте ја и препорачајте им ја на оние што ги сакате, ширејќи ја оваа древна мудрост.

 

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.