Островот крах

  • Автор: Ина В’лчанова
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-6124
  • Година на издавање: 2019
  • Број на страни: 181
  • Димензии: 140х205
  • Корица: Мека
  • Јазик: Македонски

250 ден

На залиха

Опис

„Островот Крах не е мрачен роман, не дозволувајте да ве поведе насловот. Се надевам дури и дека успеав да го направам малку смешен. Во него се раскажува за желбата да го контролираш светот и за копнежот да бидеш слободен. Но и за онаа необична работа што ја нарекуваме ’судбина‘. А патот на судбината секогаш крие извесна иронија.“

Островот Крах е приказна за две жени или, поточно, приказна раскажана од две жени. Овие два главни лика не се познаваат, а сепак постои некоја магична поврзаност меѓу нив: едната е астролог аматер и во ѕвездите прочитала дека на другата ѝ се заканува крах. Секоја од жените го знае само својот дел од приказната и наративните делови – два лични универзума, толку различни а сепак толку слични – треба да бидат сместени во една целина од страна на читателот, како сложувалка. Деловите се приказни за различни луѓе и предели, и за еден далечен и фасцинантен остров на кој би можел да се случи предвидениот крах. Приказните допираат многу различни теми, но во својата суштина романот зборува за човековите нагони и фрустрации, копнежот и реалноста, љубовта и предавството, за желбата и невозможноста да ги споделиме богатството и тегобите на душата.

Што е „крах“ и дали воопшто постои такво нешто? И што е „успех“ или „победа“? Што значат тие на големото платно на универзумот? Создавајќи ја сликата на судбината, нивните потези секогаш кријат извесна противречност.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.