БЕГЕМОТ Дваесет скали и други раскази

Издавач: Бегемот Јазик: македонски Година: 2018
Оригинален наслов: Vinte degraus e outros contos | Бр. на страни: 133 | Димензии: 195×125 |

200 ден

Опис

Хелија Кореја во збирката раскази „Дваесет скали и други раскази“ раскажува за низа чудни, сперливи, особено женски ликови заплеткани во гротескни и готски светови, каде што границите меѓу доброто и злото, реалното и надреалното, сакралното и световното, езотеричното и прагматичното, слободата и табуата, наизменично се прелеваат и се мешаат. Овие жени се маѓепсани, отуѓени, осамени, похотни, слободоумни, врежани и обележани со фатални премрежиња, оддалечени или во потрага по своите сништа и затекнати во секоја од овие приказни, како среде пат, речиси секогаш на крстопат со бурни и свирепи мажи, или маркантни жени што ја исцртуваат нивната трагедија. Нивните патишта се отворени и неодредени, и кај нив не се забележува нивниот почеток ни нивниот крај. Нарацијата е густа и набиена, ликовите се зрели и сложени, елементите на реалното вешто се прикриваат и се прелеваат во волшебното, окултното, магичното, вовлекувајќи го читателот во својот вител

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.